• Latest

Алаѓозовски: Врнежливото време предизвика алармантна состојба во институциите од културата

December 2, 2017

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Алаѓозовски: Врнежливото време предизвика алармантна состојба во институциите од културата

December 2, 2017 14:05
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Новите градби од пред четири години на Македонскиот народен театар и Археолошкиот музеј ги покажуваат истите проблеми заедно со објектите изградени пред 50 или 60 години, оцени денеска министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

На прес-конференцијата свикана по повод проблемите кои се појавија во институциите по врнежливото време, министерот Алаѓозовски истакна дека се дадени насоки на директорите како најбрзо да ја санираат ситуацијата.

„Протекува покривот на МНТ. Во Штип во Центарот за култура ни се случи поради силниот ветар и откинување на дел од лимениот покрив. Ситуацијата дополнително се комплицира, затоа што е на крај на фискална година и дури и тендери за итни работи не може да се спроведат до крајот на годината“, изјави Алаѓозовски.

Нагласи дека изведувачите, надзорните органи и стручните служби ќе треба да понесат одговорност.

Ќе утврдиме кој и зошто не ги извел квалитетно работите и ќе поднесеме тужби за сите оние ситуации каде гледаме дека криминалната мрежа на нестручно градење објекти функционирала, изјави Алаѓозовски.

Директорот на МНТ Драган Спасов Дац, рече дека може да се работи во Македонскиот народен театар, само што се кријат некои работи затоа што се срам што се гледа.

„Тече на сцена, капе овде на влезот. Ова е поркиено за да си го сокриеме срамот. На едно место се собира вода и протекува, а на сцената е директно од покривот“, рече Дац.

Директорот на Археолошкиот музеј на Македонија Горан Санев, рече дека состојбата во изложбените простории е стабилна и под контрола.

„Проблемите се на надворешните споеви на зградата. На делот на гаражите кои се споени со самата зграда и каде протекува атмосферската вода и за несреќа протекува точно врз електрична инсталација. Од самиот почеток и повеќе пати сме се обиделе да најдеме решени за тоа“, изјави Санев.

Министерот Алаѓозовски упати апел до компаниите да помогнат со донации или да интервенираат во институциите.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: АлаѓозовскиАрхеолошки музејКУЛТУРАМНТпоплави
Share73TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ