Државната изборна комисија потврди дека најавената јавна седница ќе започне во 14 часот.
На дневен ред е разгледување и усвојување на Извештајот за спроведените избори за членови на советите на општините, и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините, и за градоначалник на Град Скопје, 15 октомври 2017 година.
Како втора точка на дневен ред е најавена расправата во врска со Одлуката на Државната изборна комисија, бр. 08-2809/1 од 16.11.2017 година, за исплата на надоместок на претседателот, потпретседателот и членовите на Државната изборна комисија, вработените во стручната служба на Државната изборна комисија и лицата ангажирани во помошните тела на Државната изборна комисија за спроведување на локалните избори 2017 година за избор на членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје.
Поканата се однесува до претставниците на медиумите.
Иаку, под јавност се подразбира малку повеќе од само камери и новинари.