• Latest

Шокантното расипништво на ДИК-овците

December 5, 2017
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шокантното расипништво на ДИК-овците

December 5, 2017 17:35
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во октомври ги прашавме ДИК-овците за видот и вредноста на јавните набавки, поврзани со набавка на комуникациска опрема (телефони, мобилни телефони и друго) од нашите пари, за висината на месечните примања и за висината на бонусите, за патните трошоци, репрезентација и прекувремено работење на деветте членови.

Пишува: Џабир Дерала

Да потсетам, еве што одговорија: „Побараните информации во барањето не се од јавен карактер и од тие причини истите не можеме да Ви ги доставиме во начин и форма во кои ги побарувате“.

Со овој одговор, ДИК го прекрши законот за пристап до јавни информации, затоа што не наведе член или став од законот, во кој објаснува зошто таа информација не е од јавен карактер. Законот е јасен.

Значи, тајна е информацијата дека во рок од само за десет месеци два пати се почестија со супер скапи мобилни телефони за деветте величествени Комесари на ДИК, од кои само вториот пат чинеле околу 8.000 евра. Или, како што напишав и минатиот пат, отприлика колку што ДИК „дарежливо“ им префрли на цели десет општини, за да им се деблокираат сметките и така да можат да спроведат локални избори. Девет телефони вредат колку десет општини! Се разбира, овие информации се неофицијални, доаѓаат од свиркачи внатре во ДИК.

Членовите на ДИК постојано работат, но најмногу прекувремено. И тоа си го наплаќаат од нас прилично дебело. Многу често се гости на луксузниот хотел Радика, каде најевтиното ноќевање е 50 евра, а најскапото 220 евра, со џакузи и други удобности. Така, 48 часа пред изборите во 2016 година, кога се обидовме да им доставиме неколку стотини случаи на луѓе кои беа избришани од Избирачкиот список на само неколку дена пред изборите, во ДИК немаше никој. Погодувате каде беа? Во Радика. Нивните „прекувремени“ посети на Радика и други луксузни локации со пршута и убав избор на сирења продолжија и беа редовни.

А за таквото прекумерно и прекувремено изложување на интензивен луксуз, тие мораа и богато да се наградат со дебели бонуси.

Неофицијално, бонусот за локалните избори за претседателот на ДИК бил околу 6.000 евра! На останатите осум членови, бонусот им бил некаде на пола пат или нешто повеќе. Уште пошокантно е тоа што ДИК-овците си ги исплатиле тие пари пред изборите. Значи, за незавршена работа се почестиле со бонус. Истото се случило и во 2016 година – бонусче пред избори. За избори на кои стотици граѓанки и граѓани не можеа да го остварат своето гласачко право и едно чудо други (не)намерни грешки – за такво нешто следува дебел бонус, зарем не?

За патните трошоци и да не говориме. Синоним за злоупотребите со патните трошоци во земјава стана Бонева. Ама, очигледно, не била сама во своето секојдневно патешествие до Месечината и назад.

ДИК-овците мораат да дадат одговор и за скандалозната разлика во примањата на другите вработени во институцијата. Мораат да дадат одговор и за мобингот кој се спроведува врз дел од вработените. Мораат да дадат одговор за ужасно нарушените меѓучовечки односи, за караниците и меѓусебните подметнувања.

Мобилните телефони се само еден дел од јавните набавки. Од тоа малку што го знаеме, шокантните бонуси, мобилните телефони и другите луксузирања ќе изгледаат како семки.

Значи, требаше да дојде американскиот амбасадор да го „открие“ скандалот со Државната изборна комисија, па да се шокира јавноста. Скандал за кој сите знаеја, но упорно молчеа. Не помагаа прес конференциите пред седиштето на ДИК, не помогнаа соопштенијата, анализите, колумните… Не помогна ни нашето барање за пристап до јавни информации, ништо. Немаше одговор ни за нашето барање за оставка од ДИК во декември минатата година. Значи, никаков одговор. Тогаш баравме оставка за скандалозно лошиот квалитет на нивната работа и сериозни повреди, но одговор немаше. ДИК блиндиран, молчеше. И се наградуваше со бонуси и прекувремен луксуз.

И да не заборавиме… Шокантното расипништво на ДИК беше придружено со шокантен молк на јавноста.

Додека ДИК-овците живеат раскошно, а народот гладува и гласа онака како што ќе му сервира ДИК. Живеат боговски на наша сметка. Но, тоа е тајна информација!


објавено во Плусинфо и Слободен печат (6/12/2017)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: бонусиДИКзлоупотребимобилни телефониодговорностпатни трошоцитранспарентностЏес Бејли
Share190Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ