Руското мешање во минатогодишните претседателски избори во САД претствува хибридна војна од страна на Москва, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
– Претседателот на САД, Доналд Трамп неколку пати јасно кажа дека две земји како САД и Русија не можат да дозволат да немаат продуктивни односи, но денес случајот не е таков и сите знаеме поради што, нагласи Тилерсон во обраќање пред вработените во Стејт департментот.
Изразот „хибридна војна“ обично се употребува за да се опишат руските операции во Украина, во кои се прибегнува кон користење на тајните служби и на дезинформациите.
– Русија избра да нападне суверена држава – Украина, Русија избра да се вклучи во хибридна војна во демократскиот процес тука и во другите земји, посочи Тилерсон.
Тој нагласи дека, стратегијата на САД со Русија била да најдат области во кои сѐ уште може да се усогласат можности за соработка, а тоа го нашле во Сирија.
– Не сме секој ден на иста позиција, но во некои денови сме. Мислам дека двете страни се залагаат за обединета и стабилна Сирија на крајот на целата таа војна, истакна државниот секретар на САД.
Тилерсон потенцираше дека доколку дојде до воена варијанта за кризата со Северна Кореја откако ќе бидат искористени сите дипломатски решенија, тоа за него ќе биде личен колапс.
– САД ќе го зголемат притисокот доколку Северна Кореја не се вклучи на никаков значен начин во дијалогот за спорната нукеларна програма. Како и секогаш, во дипломатијата имаме зад себе силно воено присуство. Доколку Северна Кореја направи погрешни избори, ние сме подготвени за воено решение, објасни тој.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.