Завршна конференција за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-Атланските интеграции“ организираат денеска Евроатланскиот совет на Македонија и Цивика Мобилитас.
На денешната конференција ќе бидат презентирани резултатите од шеснаесетмесечното истражување за Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократија во духот на Евро – Атлантските интеграции“.
На конференцијата, на која воедно се одбележува 20 годишнината од основањето на Евро-атланскиот совет на Македонија, ќе се обратат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Евроатланскиот совет Исмет Рамадани, потпретседателот на на АТА Србија Владан Живуловиќ, а организаторите најавуваат и присуство на премиерот Зоран Заев.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.