Со промоција на е-зборникот „Премин“ и поетско читање, вечер од 20 часот во кафе-книжарницата „Магор“ ќе биде одбележан Интернационалниот ден на Светската унија на поети.
Настанот го организира Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ и школата за поезија – Делегација Македонија.
Во зборникот „Премин“ се застапени 25 автори со своја поезија, како и поезијата на двајца поети, гости од Филипини и Тајван.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.