• Latest

Живот во Тетово не дојде, а нема ни да дојде

December 27, 2017

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Живот во Тетово не дојде, а нема ни да дојде

December 27, 2017 18:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Непосредно  пред дочекот на Новата Година, сведоци сме како градовите во светот се подготвуваат за највеселата и најлудата ноќ, преку украсување и организирање разни културно-забавни и комерцијални активности за нивните сограѓани и гостите да се чувствуваат што поубаво и во што е можно поубав амбиент да ги пречекаат претстојните празници.

Во Тетово, ништо од ова не се случува. Новата година како да не е празник. Ако сакате со некоја слика да ја илустрирате предновогодишната атмосфера и покрај напорот што ќе го вложите, тешко ќе успеете во намерата.

Вчера во Тетово можеше да се сведочи на два такви настани. На градскиот плоштад почна да се монтира една тешка метална конструкција во облик на елка и со оглед на темпото на монтирање тетовчани може само да се надеваат дека ќе биде готова до новогодишната ноќ. Како ни претходните четири години, така ни оваа, нема најави за новогодишна прослава на јавен простор во градот.

Металната конструкција на тетовската новогодишна елка, 26/12/2017

Карактеристично за овој дел од годината е тоа што голем број наши сограѓани што се на печалба во странство ги користат новогодишните празници да ги посетат своите родни огништа и заедно со најмилите да ги поминат празниците. Токму тие се мета на сообраќајната полиција и на пајак службата деновиве. Секое погрешно паркирање на печалбарите се користи за нивно казнување. Печалбарите, пак, се соочени со сообраќајниот хаос во градот и недостатокот на паркинг места.

Нешто што ги шокира гостите, а помалку домаќините кои се веќе навикнати на тоа, се и петардите кои експлодираат со силина на вистински бомби и навистина можат да престрашат па дури да предизвикаат вистински шок.

Тоа е сликата на Тетово деновиве пред дочек на Новата година. Тетово изгледа тажно, валкано и запуштено. Никаде ги нема чистачите кои пред локалните избори секојдневно ги метеа и ги чистеа тротоарите и улиците. Како да ги изметија и сите надежи за живот во Тетово. После изборите сите проекти и  активности на локалната власт запреа.

Тротоарот во строгиот центар на градот веднаш до културниот дом Иљо Антески – Смок каде е сместена Уметничката академија на ДУТ стои раскопан од април годинава. Тој простор се користи и како дива приградска автобуска станица па секогаш е полн со луѓе кои се давеа во прашина цело лето, а очигледно ќе цапаат во кал и претстојнава зима. Во деловите на градот каде се направени тротоарите а особено околу градското пазариште и на булеварот Маршал Тито (по ново Илирија) се узурпирани од дивите препродавачи и тезги каде на црно се продава сѐ и сешто и го ограничува слободното движење на граѓаните.

Мост на реката Пена, Тетово, раскопан веќе две години, 26/12/2017

За разлика од преполните диви тезги околу пазариштето градскиот пазар е повеќе од половина празен, а другата половина е претворена во вистински панаѓур каде се продаваат се помалку земјоделски производи, а се повеќе облека, обувки и разни други производи со сомнително потекло и квалитет. Долго најавуваниот мост преку реката Пена во близина на старото медицинско училиште што треба да придонесе за намалување на сообраќајниот хаос во тој дел од градот се гради веќе две години и сѐ уште не е готов. Дури и покрај помпезното пуштање на новиот водовод непосредно пред локалните избори сѐ уште има прекин на водоснабдувањето во одделни населби со изговор дека градската водоводна мрежа е стара и поради тоа  се случуваат често дефекти. Сообраќајниот хаос е уште поголем, воздухот е и понатаму загаден, а хаосот во урбанизмот продолжува со исто темпо.

Старо-новата градоначалничка на Тетово сеприсутна во јавноста во предизборниот период, кога буквално се прегрнуваше со кого стигна, едноставно ја снема, по добивање на вториот мандат. Сега, после изборите се зборува низ Тетово дека сакала да се прегрне постизборно со досегашните лути политички противници од ДПА, но тоа не го дозволувале некои нејзини сопартијци.

После локалните избори во другите општини низ Македонија се утврдуваа долговите што ги оставиле нивните претходници, се формираа совети, се правеа планови и се донесуваа локалните буџети за наредната година. Ништо од ова не видовме во Тетово. Никој не кажува колкави се долговите на општината, советот сѐ уште не може да избере претседател, а за буџетот за наредната година изгледа ќе почекаме.

Ете тоа е предновогодишната слика од Тетово. Животот не само што не стигнал во Тетово, туку, како што велат тетовци, нема ни да дојде.

Текст и фотографија: Перо Наумовски

 

Tags: локална самоуправалокални проблемиНова годинаТетово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ