• Latest
Иџет Мемети

Мемети: Повредено е правото на пратенички имунитет

December 28, 2017

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мемети: Повредено е правото на пратенички имунитет

December 28, 2017 14:04
in ПОЛИТИКА
Иџет Мемети

Иџет Мемети

Share on FacebookShare on Twitter

На денешниот брифинг, Народниот правобранител, Иџет Мемети ги информираше новинарите за преземените мерки и констатирани состојби од постапувањето по преставките од страна на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата за подобра Македонија, во врска со приведувањето на тројца пратеници на 28 ноември годинава.

„Народниот правобранител по разгледување на одговорот и целокупната документација приложена од Минситерството за внатрешни работи, како и од утврденото при посетата на Затворот Скопје неспорно констатира дека при приведувањето на пратениците и нивното лишување од слобода на 28.11.2017 година е повредено правото на пратенички имунитет утврден со член 64 од Уставот на Р.М., и членовите 53-59 од Деловникот на Собранието, на начин што полициските службеници не се придружувале до правните процедури за приведување определени со член 19 од Правилникот за начинот на вршење на полициски работи“, соопшти Мемети.

Според член 19 од Правилникот „ако лицето кое се приведува се повика на статус кој му дава имунитет полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на исправите со кои се докажува таквиот статус, ќе го прекине приведувањето, и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник“.

Според став 4 од истиот член, „во случај кога не му е одземен имунитетот и покрај писмената наредба за негово приведување, истото нема да се изврши, а надлежниот суд ќе се извести од страна на полицискиот службеник за причините поради кои не е постапено по наредбата“.

„Народниот правобранител констатира дека со приведување на пратеници кои уживаат имунитет е повредено правото на пратенички имунитет, начелото на презумпција на невиност, поради непочитување на ниту една од горенаведените одредби од страна на полицијата. Пратениците со лисици на рацете се приведени во судот, каде што по подолг престој се пуштени, а мерката притвор им е изречена по неколку дена откако во Собранието на Република Македонија се одлучи за одземање на пратеничкиот имунитет“, вели Мемети.

Тој истакна дека доставил Препорака до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапувањето на полициските службеници, да утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците.

Истовремено Мемети почитувајќи ја независноста и самостојноста на судската власт сепак смета дека е потребно да го постави прашањето: „Зошто судот издал наредба за приведување и претрес на лица кои уживаат имунитет без претходно истиот да им биде одземен, согласно утврденото во прописите?“

Во тој контекст Мемети апелира до Судот „при носење на судски одлуки да се почитува правото на имунитет, од причина што не е прв пат со судски наредби Судот да го повредува правото на имунитет“.

М. Ивановска

Tags: ombudsmanАпсењеВМРО-ДПМНЕимунитетИџет МеметиНароден правобранителпратениципреставка
Share69TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ