• Latest

Блажески: Очекувам ослободување од внатрепартиските стеги во ВМРО-ДПМНЕ

December 29, 2017
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Блажески: Очекувам ослободување од внатрепартиските стеги во ВМРО-ДПМНЕ

December 29, 2017 07:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, поточно пред новата зграда позната како „Белата палата“ беше поставен транспарент кој гласи: „ВМРО е таму кај што е Љубчо“. Лидерот на младите на ВМРО НП, Дино Блажески, за ЦИВИЛ Медиа, изјави дека транспарентот не го поставиле членови на нивната партија. Герила акцијата ја гледа како слободно изразување на нечие мислење, со оглед на тоа како последните 12 години функционерите на  ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон своите членови и симпатизери.

„Може било кој да го постави тој транспарент, бидејќи членството на ВМРО-ДПМНЕ по малку се ослободува од стегите на претходната гарнитура. Не ја исклучувам и можноста да е некој надвор од партијата, има почитувачи на работата и делото на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски“, додава Блажески.

Тој истакна дека гледа позитивно на промената на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и смета дека новиот лидер Христијан Мицковски може да направи промени, пред сѐ внатрепартиски.

„Добро е тоа што ќе има ослободување од стегите кои ги постави тогашната матрица.  Сега очекувам да има понекомпромитирани лица, бидејќи и новиот лидер не е компромитиран и нема некаков товар. Ќе мора да се консолидираат внатре во партијата и да излезат како силна опозиција, бидејќи во моментов како да не постои опозиција“, истакна Блажески.

Тој вели дека граѓаните се навикнаа да не се случува ништо во државава, меѓутоа очекува од новата власт да го подобри економскиот статусот на граѓаните, да има повеќе вработувања, особено кај младите.

„Државата како да се навикна да стои во место и да не оди напред. Некои луѓе тоа го искористија за да се збогатат или да си ги исполнат нечесните интереси, како внатрепартиски така и државни. Сметам дека младите политичари треба да излезат како фактор во Македонија, и во 2018 година очекувам да има промени во секоја политичка партија не само во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи младата енергија, сила и идеи носат поширок спектар на предлози на некакво унапредување на состојбите во Македонија, кои некако од година во година како да стојат на место“, потенцира Блажески.

Текст и камера: Дехран Муратов

Фотографија: Биљана Јордановска

Монтажа: Ермин Климента

Tags: ВМРО-ДПМНЕВМРО-НПгерила акцијаДино БлажескипромениХристијан Мицкоски
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ