• Latest

Иванов го потпиша Указот за ратификација на Истанбулската конвенција

December 28, 2017
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Иванов го потпиша Указот за ратификација на Истанбулската конвенција

December 28, 2017 17:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Ѓорге Иванов денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за ратификација на Истанбулската конвенција.

Тој ги поздравува основните декларирани причини за ратификација на Конвенцијата, но, како што соопшти неговиот Кабинет, искажува загриженост во однос на дефиницијата на родот, толкувањето на психичкото насилство и правата на родителите да обезбедат образование и настава согласно своите верски и филозофски убедувања.

„Истанбулската конвенција кодифицира контроверзна дефиниција на „родот“ како општествен конструкт што е независен од биолошката реалност на „полот“. Во Член 9 од Уставот на Република Македонија се користи терминот пол, а не род. Дефиницијата на Истанбулската конвенција е во контрадикција и со актуелните дефиниции во меѓународното право“, смета Иванов.

Според него, одредбите за правата на родителите да обезбедат образование и настава во согласност со своите верски и филозофски убедувања, можат да резултираат со сериозни ограничувања.

„Со ратификацијата на Конвенцијата, дефиницијата за родот како општествена конструкција станува обврзувачка. Тоа дополнително може да го ограничи правото на родителите да се спротивстават на контроверзни образовни програми со кои би им се наложувало на децата да размислуваат во родово неутрални термини. Во Истанбулската конвенција таквото спротивставување би можело да биде интерпретирано како психолошко насилство“, оценува претседателот.

Иванов укажува дека одредбата за психичкото насилство може да биде злоупотребена за да се ограничи правото на совест, мисла и вера. Како логичка последица, дури и искажувањето спротивно мислење може да биде толкувано како „нарушување на психичкиот интегритет“.

Во соопштението од Кабинетот стои и дека, според шефот на државата денешното соопштение на Платформата за родова еднаквост претставува искривување на реалноста и вадење од контекст на неговата загриженост, искажана во годишното обраќање.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: IvanovзагриженостИстанбулска ратификација
Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ