• Latest
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Сите кои ќе гласаат за антимакедонски закони ќе го носат Јудиниот белег!

January 9, 2018
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сите кои ќе гласаат за антимакедонски закони ќе го носат Јудиниот белег!

January 9, 2018 12:18
in ОПШТЕСТВО
„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

„За заедничка Македонија“, 2017 година, протест кој му претходеше на нападот на Собранието (27 април 2017)

Share on FacebookShare on Twitter

„Во услови на сеопшти напади за разграбување на македонската државност ги повикуваме сите Македонци и пријатели на македонскиот народ, на секое место, низ разни облици на граѓанска непослушност, да го одбраниме својот дом и да ја одбраниме скапо платената македонска државност“, стои во прогласот на неколку македонски патриотски здруженија кои најавија „8-ми Коложег 2018 година“ (август).

Кампањата на граѓанска непослушност и морално жигосување ќе се води против внатрешните сили, како што се: партии, организации и поединци кои вршат дејства во спроведување на плановите за разнебитување на македонската нација. Тие не ги признаваат за легитимни Собранието, Владата и судството на Република Македонија, како што велат – се додека управувањето со Македонија не му се врати на нејзиниот легитимен историски носител – македонскиот народ.

„Сите оние кои во таканареченото Собрание ќе гласаат за навестените антимакедонски закони ќе бидат сметани за непријатели на македонскиот народ. Посебно родените како Македонци кои ќе гласаат за законите како: Законот за јазиците со кој се воведува франкештајнска досега невидена двонационална држава. Договорот за добрососедство со Република Бугарија со кој македонската историја, а со тоа и македонската нација се третираат како бугарски. Планот 3-6-9 со кој се напаѓаат моралот и здравата духовна култура на македонскиот народ. И на крај договарањата за името со кој македонското име во меѓународните односи му се предаваат во сопственост на јужниот сосед“, стои во повикот.

Сите пратеници кои ќе учествуваат во гласањето на антимакедонски закони ќе бидат сметани како изроди од македонскиот народ.

„Тие и нивните нечесни семејства, нечесни родители и нечесно потомство секаде ќе бидат подложени на третман како одродници. Одродници кои во услови кога се работи за живот и смрт не се обѕрнале на тешката состојба кај сопствениот сиромашен народ, туку им се приклучиле на ударите врз народот насочувани од надворешните непријатели. Сите пратеници по име и презиме ќе бидат наведени и од моментот на гласање ќе го носат Јудиниот белег. Кога Македонија ќе му биде вратена на македонскиот народ, секој од нив ќе одговара за својот придонес во велепредавството“, истакнуваат иницијаторите.

Патриотските здруженија го повикуваат секој Македонец и сите пријатели на Македонците да прекинат било какво деловно или приватно општење со личностите и организациите кои учествуваат во предавничките договорања.

„Не ги послушавте нашите предупредувачки зборови и зборовите завршија, започнуваат делата. Во иднина, наредните денови, недели, месеци, сѐ додека Македонија не му се врати на македонскиот народ, на пошироката јавност ќе и бидат давани насоки за начините на изразување на граѓанската непослушност“, се наведува во кампањата кои заеднички здружено ја активираат: „Тврдокорни“, Македонски Обединети Сили (МОС), Движењето Преродба и Светски македонски конгрес.

Д.М.

Tags: „Тврдокорни“граѓанска непослушностМОСПреродбапрогласСветски македонски конгрес
Share91TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ