• Latest

Донесен Законот за јазиците

January 11, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Донесен Законот за јазиците

January 11, 2018 15:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот од ДУИ, Артан Груби изјави дека со донесувањето на Законот за употреба на јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот рамковен договор.

„Петнаесет години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, денеска со гласањето за Законот за употребата на јазиците го заокруживме нормативниот дел од овој мировен договор со кој што заврши војната во 2001. Затоа денешниот ден е многу успешен им честитам на сите граѓани затоа што храбро се настапи кон заокружување на овој мировен договор. Сега останува да пристапиме кон имплементација на сето тоа што го усвоивме во Собранието на РМ“, рече Груби.

Тој им се заблагодари на сите пратенци кои гласа за и од власта и од опозицијата и на оние кои не гласа „против“, оти законот помина без ниту еден глас против, без разлика на различните ставови.

Груби истакна дека очекува опозициската ВМРО-ДПМНЕ, како еден од потписниците на Рамковниот договор кои денеска не присуствуваа на седницата, да го поддржи законот, бидејќи според него со овој закон ќе добие Македонија, општетсвото ќе добие кохезивност, ќе се релаксираат меѓуетничките односи и ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од Рамковниот договор.

Доколку претседателот Иванов реши да не го потпише законот, тоа според Груби, би било против Рамковниот договор и против социјаланта кохезија во општеството во Македонија, и во тој случај законот ќе се врати во Парламенот каде што повторно ќе се изгласа.

„Видовте дека има солидно мнозинство за Законот за употребата на јазиците и ништо нема да биде спорно. Го повикувам претседателот Иванов да стане дел од успешната приказна на заокружување на Охридскиот рамковен договор и да го потпише Указот со што ќе даде придонес за постабилно општество, за еднакви граѓани“, рече Груби.

Во однос на случувањата во Беса, тој се огради од коментар за како што вели, внатрешните турбуленции во ова партија и не смета дека средбата на премиерот Заев со Беса е со цел да прошири владината коалиција.

Тој смета дека пратениците од Беса, а исто и од Алијансата на Албанците и ДПА, како и од ВМРО-ДПМНЕ треба да ги поддржат реформските закони, без разлика дали се на власт или во опизиција, оти вели реформакта агедна не е агенда на Владата, туку агенда на државата. Целта е интеграција во ЕУ и НАТО, а тоа може да се постигне само со доборососедски односи и со реформската агенда. Ако тие и мислат добро на државата тие ќе ги поддржат рефосмките закони, рече Артан Груби.

ВМРО ДПМНЕ смета дека Законот за употреба на јазиците кој денеска го изгласа парламентарното мнозинство е неуставен. Со овој чин, како што се вели во соопштението, власта покажа дека највисокиот правен акт, Уставот на државата за неа е само мртво слово на хартија.

„Овој закон беше донесен со измама, односно лажно исцртување на европско знаменце, со што беа злоупотребени процедурите за донесување на закони од важност за интеграција на земјата во ЕУ. Власта треба да сноси одговорност за оваа манипулација со граѓаните“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за двојазичност не придонесува за реално унапредување на правата на албанската заедница во Македонија, напротив ги продлабочува разликите и оди на штета на хомогеноста на македонското општество.

Двојазичноста ќе креира хаос во правниот промет. Истата ќе создаде неефикасни институции кои ќе потонат во преводот помеѓу јазиците, наместо да бидат од реална полза за граѓаните и да работат во извршување на работата за која постојат.

Законот ќе создаде паралелизам во сите институции како на централно ниво, така и на локално ниво. Два јазика – две архиви. Ова ќе предизвика дополнителни финансиски импликации за опрема, нови вработувања и нови простории, трошок кој ќе треба да се покрие од парите на македонските даночни обврзници.

Македонските државјани со албанско етничко потекло немаат потреба од закони кои не носат реален бенефит и подобрување на нивниот стандард. Граѓаните имаат потреба од реални мерки и проекти кои ќе бидат во насока на подобрување на условите за живот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Додека траеше седницата за донесување на Законот за употреба на јазиците, надвор пред Собранието протестираа дваесетина граѓани.

Д.М.

Tags: Артан ГрубиВМРО-ДПМНЕзакон за јазициизгласанОхридски договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ