• Latest

Столтенберг: Покана за Македонија откако ќе се најде решение за името

January 31, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Столтенберг: Покана за Македонија откако ќе се најде решение за името

January 31, 2018 09:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.

Тој, говорејќи за безбедносната состојба во светот и на Балканот, се осврнува и на неговата посета на Скопје и на аспирациите за членството во НАТО.

Вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.

„Задоволство ми е што го посетив Скопје овој месец. Остануваме посветени на поддршката на земјата на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме да успее во тоа. Ова е во согласност со одлуката донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година и повторена е во нашите декларации во Велс и Варшава. Сојузниците се согласија дека НАТО ќе испрати покана за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамките на ОН. И неодамна видовме позитивен импулс за прашањето за името“, рече Столтенберг.

Столтенберг вели дека работењето на Владата на реформите е исто така важно за НАТО.

„Од формирањето на новата Влада минатата година, видовме обновени напори во реформите. За време на мојата посета, ја охрабрив Владата да продолжи со спроведувањето на реформите кои ќе го зајакнат владеењето на правото и демократските институции. Исто така ги охрабрив сите политички партии и други засегнати страни во земјата да се вклучат во отворен и конструктивен дијалог“, истакна Столтенберг.

Во врска со безбедоносната состојба на Западен Балкан, генералниот секретар на НАТО констатира дека тоа е регион од стратешко значење за Алијансата.

„Остануваме целосно ангажирани, а тоа помага во промовирањето на стабилноста во регионот. Ние ја гледаме иднината на регионот во евроатланската соработка и на интеграција за оние кои го тоа сакаат. Секој народ има право да одлучи за својата иднина и да избере свои политички и безбедносни мерки. Ова е основен принцип на европската безбедност – тоа е принцип кој Русија исто така го потпиша и треба да го почитува. Проширувањето на НАТО – не е насочено против Русија“, вели Столтенберг.

Натаму, во интервјуто за „Политика“ посочува дека две земји од Западен Балкан се стремат да се приклучат на Алијансата и оти „НАТО ги поддржува аспирациите и на двете и соработува со пријателите во Скопје и Сараево, за да им помогнеме на нивниот пат кон членството во НАТО.“

Според Столтенберг НАТО е посветен на зајакнување на партнерство со Србија, целосно почитувајќи ја нејзината политика на неутралност.

„Нашето партнерство расте, а заедничкото работење е во неговото јадро. Воочливо е дека НАТО и Србија се соседи кои споделуваат слични интереси и заеднички безбедносни предизвици. И тоа и помага на Србија да ја унапреди својата европска агенда. Затоа се надевам дека нашата соработка ќе продолжи понатаму во месеците и годините што доаѓаат и дека српскиот народ ќе ги прифати можностите што сето ова го носи“, вели тој.

Во врска со безбедоносната состојба во светот, Столтенберг изјави дека Алијансата се соочува со „со најкомплексната и непредвидлива безбедносна ситуација во една генерација“.

„Нестабилноста на Блискиот Исток и Северна Африка, наметливата Русија што ги крши меѓународните граници и нуклеарната пролиферација на Северна Кореја и развојот на интерконтинентални балистички проектили се фундаментални закани за глобалната безбедност и стабилност. Предизвиците како што се тероризмот и сајбер-нападите не знаат за граници и тие и понатаму ја поткопуваат нашата безбедност“, заклучува Столтенберг во денешното интервју за „Политика“.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.
Tags: ГрцијаЕУиметоЈенс СтолтенбергНАТОрешениеспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ