а 110 претставки за разрешување судии треба да расправаат членовите на Судскиот совет на наредните седници, од која првата е закажана за денеска. Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти, но има и други подносители.
Три претставки од Специјалното јавно обвинителство и уште неколку од адвокати и други странки во постапките, како што објавува порталот сакамдакажам.мк, има за судијката Моника Бахчовановска, а пред Судскиот совет се наоѓаат и иницијативите за разрешување на кривичната петорка од Врховниот суд на чело со претседателот Јово Вангеловски, натаму на Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.
На дневен ред на денешната седница на Судскиот совет како шеста точка е ставена расправата по барање за поведување постапка за утвдување одговорност за судија, но повеќе детали не се соопштени.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини