• Latest
Иџет Мемети

Во случајот со малолетничката од „25 Мај“ затаиле институциите

February 16, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во случајот со малолетничката од „25 Мај“ затаиле институциите

February 16, 2018 16:44
in ВЕСТИ
Иџет Мемети

Иџет Мемети

Share on FacebookShare on Twitter

Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето. 

Народниот правобранител заради утврдување на состојбата ги посетил Јавните установи за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение („25 Мај„ и „Ранка Милановиќ“), извршил увид во документацијата и разговарал со одговорните лица, како и со малолетничката. Притоа констатирал дека станува збор за дете во ризик, на чии родители им е одземено родителското право,  и е под старателство на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.

– Во горенаведената институција детето е сместено од декември 2016 година и повеќе пати, според негово кажување, самоволно  ја напуштала институцијата. За Народниот правобранител неспорно е дека наведените установи се од отворен тип што значи дека штитениците во секое време можат да ја напуштат установата. Но, со оглед на тоа што станува збор за деца во ризик со назначен старател од државен орган смета дека надлежните затаиле во овој случај. Наведеното од причина што не покажале интерес да ги утврдат причините за честото напуштање на домот од страна на малолетничката, како и за тоа каде и со кого го поминувала времето по напуштање на Установата, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Оттаму посочуваат дека кога државата ја презема одговорноста за грижа и заштита на дете сместувајќи го во установа од ваков тип потребно е во континуитет да се преземаат мерки за заштита на правата на детето и превенција од секаков вид на злоупотреба, занемарување или малтретирање, вклучувајќи и сексуална експолатација, а на што впрочем упатува и член 19 од Конвенцијата за правата на детето.

Народниот правобранител ги повикува МВР и Основното јавно обвинителство без одложување да ги преземат сите со закон утврдени дејствија за откривање и санкционирање на злоупотребата на детето И.Р . Воедно, апелира до Министерството за труд и социјална политика како ресорен орган за заштита на правата на децата и за функционирање на институцијата за згрижување, воспитание и образование на деца, најитно да преземе дејствија за целосно испитување на одговорноста на назначениот старател.

Од оваа институција потсетуваат на потребата од унапредување на грижата за децата сместени во јавните установи за згрижување деца, нивно кадровско екипирање, целосно функционирање на службите за воспитание, образование, здравствена и социјална заштита, а за што Народниот правобранител и досега повеќе пати во своите годишни и посебни извештаи  изнесувал конкретни препораки.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: жртва на сиситеминституциималолетна штитеничкаНароден правобранителСексуално злоставување
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ