• Latest

ЦИВИЛ: Ќе продолжиме да ги браниме човековите права и слободата на говорот

February 19, 2018
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ЦИВИЛ: Ќе продолжиме да ги браниме човековите права и слободата на говорот

February 19, 2018 12:58
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во одговор на барањето од Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, за извинување поради објавувањето на текстот на Марјан С. Здравковски, најнапред, сакаме да ја потсетиме јавноста на неколку одредби од областа на домашното и меѓународното право, според кои се раководиме како организација и како онлајн медиумска платформа. ЦИВИЛ – Центар за слобода ги почитува, брани, застапува и практично ги спроведува овие принципи, а соодветно на тоа, спроведува и проекти за граѓанска едукација за човековите права и слободи.

Слободата на изразувањето и медиумските слободи се фундаментални човекови права, зад кои бескомпромисно и доследно стоиме во секое време и на секое место.

 

Устав на Република Македонија

ЧЛЕН 16

Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање.

Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.

Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.

Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.

Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.

Цензурата е забранета.

 

Европска Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи

ЧЛЕН 10

Слобода на изразување

1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги спречува државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија да им наметнуваат режим на дозволи за работа.

2. Остварувањето на овие слободи, коешто вклучува обврски и одговорности, може да биде под одредени формалности, услови, ограничувања и санкции предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната безбедност, заштитата на редот и спречувањето на нереди и злосторства, заштитата на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на ширењето на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и непристрасноста на судството.

 

Универзална декларација за човекови права

ЧЛЕН 19

Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите.

 

Почитуван Градоначалник на општина Илинден, г. Жика Стојановски,

Поаѓајќи од овие начела, ние создаваме медиумска платформа за што е објективно и непристрасно информирање на јавноста и за слободно изразување на мислењата, ставовите и сознанијата на сите свесни и совесни граѓанки и граѓани во Македонија и во светот.

Веб страницата www.civilmedia.mk е еден од највидливите онлајн проекти на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Започна како специјализиран сајт за политика, општество и култура, но со успешното имплементирање на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, прерасна во релевантен информативен медиумски проект со големо влијание и видливост. Освен информативните содржини, сајтот е значаен и релевантен простор за дијалог, полемика и слободно, нецензурирано изразување на ставови и мислења на независни интелектуалци и уметници, експерти, новинари и активисти. Тоа е значаен простор преку кој ние практично се залагаме за слободата на изразувањето, јакнењето на политичката култура и дијалогот.

Оваа веб страница е особено важен јавен ресурс за информирање и граѓанска едукација. Слоганот на ЦИВИЛ Медиа е: СЛОБОДНО. НЕЗАВИСНО. ОТВОРЕНО. Секој ден се обидуваме да го оправдаме овој слоган со тоа што објавуваме објективни информации и отворено и конструктивно ја критикуваме секоја појава во општеството.  Тоа е слободен и нецензуриран простор за информирање и размена на мислења и ставови, простор за, но и од граѓанките и граѓаните.

 

Исто така, важно е да споменеме дека на веб страницата на која е објавен предметниот текст јасно е истакнат дисклејмерот:

Содржините објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода се ставови, сознанија и мислења на авторките и авторите ангажирани во организацијата и не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите.

Ставовите изнесени во рубриката МИСЛА се ставови на авторките и авторите и не нужно ги одразуваат ставовите на донаторите и на ЦИВИЛ.

Оттаму, и вашиот текст не мора да значи дека е наш став, иако го објавуваме.

 

Имајте го предвид и фактот дека авторот на текстот, Марјан С. Здравковски (под предметниот текст потпишан како М.С.З.) не е вработен во ЦИВИЛ, туку е дел од големиот број граѓанки и граѓани кои објавуваат и ќе објавуваат содржини на нашата веб страница. Тој, воедно, е жител на општина Илинден, како што веројатно и самиот знаете. Најсрдечно Ви препорачуваме да се обидете, преку Ваши претставници, да се обидете да им излезете во пресрет на граѓанките и граѓаните и да поразговарате за нивните забелешки и укажувања, а за тоа да нѐ известите. Нашиот простор Ви стои на располагање и Вам.

 

Воедно, во духот на заштитата на слободата на изразувањето и слободата на говорот, ги охрабруваме граѓанките и граѓаните да продолжат со испраќање на своите прилози и во иднина.

Како Редакција, го задржуваме правото да не објавиме некои содржини, особено ако тие се косат со принципите наведени на почетокот на овој одговор или доколку оцениме дека имаме поактуелни материјали за објавување. Веруваме дека и Вие ќе ја согледате вредноста на ваквиот отворен пристап и дека ќе ја искористите нашата медиумска платформа и во иднина, да влезете во конструктивен дијалог со јавноста.

Ве повикуваме, доколку сте заинтересирани, да дојдете во нашето седиште и да ни дадете изјава за оваа, но и за други теми од интерес на јавноста, а кои се однесуваат на Вашата работа и заложби како градоначалник на општина Илинден. Доколку наводите на Вашиот сограѓанин имаат недостатоци, ќе бидеме на располагање тие да ги дополниме, па и да ги исправиме во наредните прилози од Вас или од било кој друг граѓанин или граѓанка на оваа тема. Имајте предвид дека се обидуваме секогаш и секаде да бидеме присутни и во целост да ги објавиме сите документи кои ни ги испраќаат нашите сограѓанки и сограѓани, соработници, граѓански новинарки и новинари и дописници. За секој случај прибираме што е можно повеќе докази и сведоштва, но секогаш сме отворени да добиеме уште повеќе и подобри содржини. Ве повикуваме да се придружите кон овој наш напор да бидеме гласот на граѓанките и граѓаните.

Срдечен поздрав,

Џабир Дерала

Претседател на ЦИВИЛ

Tags: Жика СтојановскиИлинденодговортранспарентост
Share11TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ