• Latest

Градоначалникот Жика Стојановски бара извинување од ЦИВИЛ

February 16, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Градоначалникот Жика Стојановски бара извинување од ЦИВИЛ

February 16, 2018 16:41
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа интегрално го пренесува барањето за извинување од Жика Стојановски, градоначалник на Општина Илинден преку адвокат Влатко Китановски од Адвокатско друштво Китановски од Скопје, како реакција на текстот „Покрената меѓународна постапка против градоначалникот на Општина Илинден“

„Почитувани,

Како што знаете, на ден 31.01.2018 година, на интернет страницата www.civilmedia.mk, автор вработен во Вашиот електронски медиум под иницијали М.С.З., објавил текст под наслов „ГРАЃАНСКА АКЦИЈА Покрената меѓународна постапка против градоначалникот на Општина Илинден“, достапен на интернет: https://civilmedia.mk/pokrnata-munarodna-istraga-protiv-gradonatchalnikot-na-opschtina-ilindn/.

Имено, низ содржината на објавениот текст е наведено дека граѓаните на О.Илинден покренале истрага за непочитување на Законот а денационализација и позитивно-правната регулатива и дека Жика Стојановски како Градоначалник на Општина Илинден започнал отуѓување на спорниот имот и извршил противзаконито дејствие за што граѓаните се надевале да отпочнат постапка за кривична одговорност на истиот. Воедно, наведено е дека со ваквите постапки тој ги оштетил и правните лица на кои им го продал спорниот имот и дека против него како Градоначалник на Општина Илинден се водела уште една меѓународна истрага.

Сепак она што многу лесно може да се забележи дека низ содржината на текстот авторот не навел ниту еден писмен доказ (одлука, решение и сл. ), ниту пак посочил соодветна документација до која неспорно произлегува дека Жика Стојановски како Градоначалник на О.Илинден сторил противзаконито дејствие!

Дотолку повеќе, авторот на објавениот текст не дал никакви податоци за изворот на ваквите информации, ниту пак податоци за граѓаните кои ја покренале иницијативата, ниту дал податок пред кои органи се води таа меѓународна истрага против Жика Стојковски. Дури, сликата од Претставката од 2008 година која беше објавена во текстот очигледно е дека не била упатена до Жика Стојановски како Градоначалник на О. Илинден, туку до Министерството за транспорт и врски – Сектор за урбанизам на О.Илинден (За Раководител на секторот).

Впрочем авторот на објавата бил должен професионално да постапи и да ги провери информациите пред да ги објави во јавен медиум, особено ако станува збор за јавна личност која извршува јавна функција. Авторот на текстот како новинар бил должен откако ќе ги провери информациите што ги добил од граѓаните и од нив да побара и добие аргументирани докази, па потоа да ја праша и другата страна во врска со обвинувањата па дури тогаш да објави текст во која ќе бидат изнесени и становите на г-н Жика Стојановски а не еднострано и пристрасно да објавува текст без аргументи и докази.

Во тој контекст, бараме на Вашата интернет страница да биде објавено извинување за претходно објавениот текст, од причина што наводите во истиот се паушални, целосно непоткрепени и со елементи на клевета!

Согласно чл. 8 ст.1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета (Сл. Весник на Р.Македонија, бр. 143 од 14.11.2012 година) „За клевета одговара тој што за друго лицe со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лица изнесува или пронесува невистинит факти што се штетни за неговата чест и углед, а знае или бил должен и може да знае дека се невистинити.“

Согласно ст.3 од истиот член „Ако изнесувањето или пронесувањето невистинити тврдења за факти е сторено преку средство за јавно информирање (весници, магазини и друг печат, програми на радиото и телевизијата, електронски публикации, телетекст и други форми на уреднички обликувани програмски содржини кои се објавуваат, односно се емитуваат дневно или периодични во пишувана форма, звук или слика, на начин достапен за широката јавност), за клевета можат да одговараат авторот на изјавата, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лица. Тужителот при поднесувањето на тужбата е слободен да одлучи против кое од лицата од овој став ќе поднесе тужба за утврдување одговорност и надоместување на штета од клевета.

Согласно ст.4 од истиот член, „Издавачот, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лице што го издава средството за јавно информирање, за клевета сторена од новинарот во тоа средство кој е автор на изјавата одговараат врз начелото на претпоставена одговорност.“

Согласно чл. 13 ст.1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета „Пред поднесување на тужба за надоместување на штетата, физичкото или правното лице на кое му е нанесена штета со навреда или клевета презема мерки за ублажување на штетата, со барање за извинување и јавно повлекување.“

Согласно ст.2 од истиот член, „Извинувањето или јавното повлекување на изјавата од ставот (1) на овој член се објавува на истото место и во ист обем во печатеното средство за јавно информирање или интернет страница, како и информацијата на која се реагира (наслов, наднаслов, поднаслов, текст во пишани средства за јавно информирање или интернет страница, најава во информативна програма, прилог).“

Согласно ст.3 од истиот член „Извинувањето или јавното повлекување на изјавата од ставот (2) на овој член се објавува во средството за јавно информирање, односно интернет страницата, најдоцна во рок од 48 часа од денот на доставувањето на реакцијата.“

Имајќи го предвид сето погоре наведено, бараме од Вас како јавен медиум и средство за информирање на граѓаните, најдоцна во рок од 48 часа од денот на доставувањето на реакцијата, на вашата интернет страница https://civilmedia.mk/ да објавите Извинување за Жика Стојановски, Градоначалник од О.Илинден во кое ќе наведете дека изнесените факти во објавениот текст под наслов „ ГРАЃАНСКА АКЦИЈА Покрената меѓународна постапка против градоначалникот на Општина Илинден“ достапен на https://civilmedia.mk/pokrnata-munarodna-istraga-protiv-gradonatchalnikot-na-opschtina-ilindn/  објавен од авторот под иницијали М.С.З. вработен во Вашиот електронски медиум, се невистинити и со непроверена содржина.

Доколку не постапите согласно барањето и законските одредби, ќе бидеме приморани да поведеме судска постапка за заштита на правата и интересите на Жика Стојковски и да поднесеме Тужба за утврдување на одгворност и надомест на штета за навреда или клевета против авторот на изјавата, уредникот или лицето кое го заменува во средството за јавно информирање и правното лице Здружението на граѓани ЦИВИЛ –Центар за слобода и Вашиот електронски медиум civilmedia.mk согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.“

Tags: барањеЖика СтојановскиизвинувањеИлинден
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ