• Latest

По шест дена молк за малолетната штитеничка се огласи и Јавното обвинителство

February 20, 2018
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025

Кривична за „тероризам“ против скопјанец за лажна пријава за подметната бомба во авион на скопскиот аеродром

August 21, 2025
Во моментов, законот за прераспределба е усвоен во Претставничкиот дом на ТексасФото: Скриншот од видео на ВВС

Пратениците од Тексас одобрија нова изборна мапа прекроена во корист на републиканците

August 21, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

По шест дена молк за малолетната штитеничка се огласи и Јавното обвинителство

February 20, 2018 16:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Основното јавно обвинителство Скопје и Основното јавно обвинителство Велес  ја известуваат јавноста дека активно преземаат дејствија за утврдување на фактите во врска со случајот на штитеничката од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје.  Имајќи предвид дека  постои јавен интерес за настаните поврзани со девојчето, а по кои постапуваат овие обвинителства, Јавното обвинителство истакнува дека информациите кои можат да се споделат во моментов се само оние кои нема да ја повредат тајноста на постапката согласно член 289 од Законот за кривичната постапка и одредбите од Глава 16 од Законот за правда за децата, која се однесува на заштита на детето како оштетено или сведок во кривичната постапка“, стои во соопштението на Обвинителството.

Понатаму, Обвинителството информира дека се оформени предмети по писмени известувања поднесени од Министерството за внатрешни работи по кои тие постапуваат, но не дадоа одговор зошто досега не се преземени никакви дејствија.

„Во Основното јавно обвинителство Скопје е отворен и предмет по поднесена кривична пријава од страна на родителите на девојчето, преку адвокат, против лица вработени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје,  а за сторени кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата од Кривичниот законик“, велат од ОЈО.

Додека Основното јавно обвинителство Велес постапува по предмет за кој веќе во јавноста беа објавени детали. „По применото известување, обвинителството веднаш издаде Наредба за телесен преглед до Институтот за судска медицина. Во текот на вчерашниот ден до Обвинителството од страна на Министерството за внатрешни работи е пристигната кривична пријава против конкретен сторител. Постапката интензивно ќе продолжи со расветлување на настанот сè до донесување на јавнообвинителска одлука“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме во јавноста сè уште се изнесуваат нови детали поврзани со злоставувањето на 12 годишната штитеничка од „25 мај“.

Адвокатката Софија Бојковска за Академик обелоденува нови детали во врска со случајот за 13-годишното девојче штитеник на државната институција за згрижување на деца „25 Мај“ во Скопје. Имено, малолетничката во четвртокот, на 16.2.2018 година мораше да абортира бидејќи забременила по сексуалното малтретирање на кое била изложена. Овие детали, образложува адвокатката, се однесуваат на настани што му претходеле на абортусот.

„Во својство на полномошник, адвокат на биолошките родители на девојчето, во соработка со ЕЦПР, уште во април 2017 година преку повеќе преземени правни дејствија беше иницирано да се обезбеди посебна грижа и специјална заштита на детето, кое уште во тој период беше потенцијална жртва на трговија со луѓе. Сè до последното ескалирање на случајот, односно сè додека медиумски не се објави дека: малолетна штитеничка поради сексуално малтретирање забременила и абортирала, ниту една релевантна институција не ја исполни својата обврска и не беа преземени никакви мерки со цел заштита на детето“, вели Бојковска.

По извршено детално и сложено истражување на случајот, образложува адвокатката Бојковска, иако постоеја многу правни пречки и недоречености од процедурална природа, во својство на полномошник, адвокат на родителите на девојчето, беа преземени следните правни дејствија:

1.На ден 15.12.2016 година поднесен е и предлог за враќање на родителските права на биолошките родители на детето, кои веќе ја издржале изречената казна затвор и ги исполнуваат законските услови за враќање на нивните родителски права, но до денес судот сè уште не донел одлука по овој предлог.

2.На ден 8.5.2017 година беше поднесено барање до Центарот за социјална работа за поведување дисциплинска или судска постапка за несовесно, неодговорно и непрофесионално работење на поставениот старател на детето и на Домот за деца без родители „25 Мај“. Исто така, од Центарот за социјална работа баравме да преземат и други дополнителни мерки и дејствија за заштита на детето.

3.Во врска со поднесеното барање, надлежните од Центарот за социјална работа со известување од 23.5.2017 година одговорија: „Не постои неправилно постапување од страна на поставениот старател и од страна на одговорните лица во Домот за деца без родители „25 Мај“, Бутел – Скопје.“ Имено, лицето кое одговорило и одлучило на вака поднесеното барање до ЦСР е лично старателот на детето, социјален работник при Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје, па оттука спорна е заштитата која му се пружа на детето бидејќи токму овластениот старател на детето одбива да пружи соодветна грижа и совесно да ја врши својата службена должност.

4.Со цел да се заштити најдобриот интерес на детето, поради сите правни пречки кои постојат, со оглед на конфликтната ситуација и судирот на институционални интереси/ингеренции, биолошките родители на детето преку адвокат поднесоа и кривична пријава до Основното јавно обвинителство на ден 1.8.2017 година, против старателот и против Домот „25 Мај“, а надлежен јавен обвинител за случајот е Е. Н. По точно 6 месеци од поднесувањето на кривичната пријава одговор за некакви преземени дејствија од страна на Обвинителството нема.

5.На ден 17.1.2018 година е поднесена и граѓанска тужба за утврдување на дискриминација по основ на етничка припадност против МТСП, Центарот за социјална работа и против Домот „25 Мај“.

6.Во ноември 2017 година детето е префрлено и сместено во Домот за деца ЈУ завод за згрижување, воспитание и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“, Скопје. Во периодот додека детето е сместено во „Ранка Милановиќ“, повторно исчезнува, а по нејзиното враќање е констатирана бременост поради сексуалното злоупотребување на кое било изложено додека отсуствувало од Домот.

Додека ОЈО допрва ќе се занимава со овој случај, во јавноста излегоа информации за две нови малолетнички згрижени во истиот дом што, исто така, се бремени. Едната од нив има 17 години и ќе се породи на есен, а другата на возраст од 15 години абортирала.

Од Министерството за труд и социјална политика велат во двата нови случаи на бременост на малолетнички, штитенички на „25 мај“, не се работи за злоставување или сексуална експлоатација, туку дека забремениле откако свoеволно имале односи со штитеници од установата, со кои биле во врска.

Вчера директорот на „25 мај“ си даде оставка поради морална одговорност. Се наметнува прашањето дали и колку морален ќе биде новоназначениот директор,  како „пилот“ на „25 мај“?

И ќе преземе ли некој вистинска одговорност, кога моралната оска и така одамна е изместена во Македонија?

Маја Ивановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 25 МајбременостМТСПодговорностОЈОСексуално злоставувањештитеничка
Share66Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ