Владата на вчерашната 55. седница го усвои Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Како што се наведува во соопштението од Владата, основна цел на овој Предлог – закон е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Суштинските измени што се предлагаат, како што се посочува, се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ.
На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација, Владата денеска го разгледа и усвои и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со основна цел за усогласување со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.