• Latest

Грчките медиуми за средбата Ердоган – Иванов

February 21, 2018

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грчките медиуми за средбата Ердоган – Иванов

February 21, 2018 10:19
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Заедничка позиција Иванов -Ердоган против грчките позиции“; „Негативен во однос на промената на Уставот, претседателот на Скопје – Поддршка од Ердоган“; „Удар од Иванов – Ердоган за македонското прашање“; „Поддршка од Ердоган за ПЈРМ, Иванов: Задирање во прашања како идентитетот и Уставот го отежнуваат решението“; „Ердоган и Иванов фрлаат оган во преговорите со провокативни изјави“,  се само дел од насловите во грчките медиуми за вчерашната средба на македонскиот со турскиот претседател во Анкара, јавува дописникот на МИА од Атина.

Ставовите на Реџеп Тајип Ердоган и на Ѓорге Иванов, не останаа незабележани од онлајн изданијата на медиумите во Грција, но без дополнителни новинарски коментари и анализи.

Речиси сите онлајн изданија, го презедоа текстот објавен од грчката новинска агенција АНА-МПА под наслов „Средба Ердоган – Иванов со осврт на прашањето за името на заедничката прес конференцијата“, во кој се пренесени изјавите на двајцата претседатели. Агенцијата го пренесува ставот на Иванов дека „задирањето во прашањата како што се јазикот, идентитетот и Уставот не придонесува, туку го отежнува процесот за изнаоѓање решение“, како и ставот на Ердоган дека „тие први ја признале земјата под уставното име Република Македонија“.

Освен вчерашната средба Ердоган- Иванов, онлајн изданијата на грчките медиуми, во фокусот ја ставаат и денешната посета на Берлин на премиерот Заев.

„Канцеларката ќе го пречека господинот Заев со воени почести во 12 часот, додека пак околу 13.15 се очекува да се одржи заедничка прес конференција“, пишува грчката новинска агенција и потсетува дека првата средба Меркел- Заев се одржа во јули минатата година на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Трст.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: грчки медиумиЃорѓи ИвановЕрдогансредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ