• Latest

Апанажата за ДИК-овци е шлаканица за сите гласачи

February 26, 2018
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025

ЕК: Фејсбук, Инстраграм и ТикТок го прекршиле Законот за дигитални услуги на ЕУ

October 24, 2025

Анализа на содржина: Пропагандно амплифицирање на Орбановите пораки во „Канал 5“

October 24, 2025
Фото: Meanwhile in Ukraine

Роберт „Маѓар“ Бровди: Пред 69 години Унгарија смело рече „не“ на црвената диктатура…денес Орбан живее со искривена интерпретација на тие настани

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Апанажата за ДИК-овци е шлаканица за сите гласачи

February 26, 2018 10:20
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за прашања за избори и именувања одговори позитивно на барањата за апанажа од петте поранешни членови на Државната изборна комисија, за кои јавноста дозна дека ја злоупотребиле својата функција за да се стекнат со вртоглави суми бонуси, а се честеле и со прескапи мобилни телефони и други луксузни „играчки“ и бенефиции. Освен претставничката на Беса, сите членови на ДИК поднесоа оставки, по што оваа институција остана обезглавена и официјално. 

Според член 22 од Законот за плата и другите надоместоци, според кој пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен, ги има сите права од член 19 на овој закон, со кој се одредува апанажата, парламентарната комисија немала друг избор освен да им одобри околу илјада евра месечно во рок од една година.

Според приложените барања, Комисијата за прашања за избори и именувања со донесената одлука, утврдува дека нема основа да се повика на Членот 23 според кој лицата од став 1 на овој член го немаат правото од член 19 на овој закон, односно тоа право им престанува ако се правосилно осудени за кривични дела против државата или за кривични дела сторени од користољубие. Во став 1 од Член 23 се вели дека на пратеник, функционер и раководен работник му престанува правото, пред истекот на времето утврдено во член 19 на овој закон, кога тој тоа ќе го побара, кога ќе се вработи или ќе биде избран или именуван на друга функција врз основа на која остварува плата.

Но, во јавноста, според граѓанките и граѓаните, но и според ЦИВИЛ и правните експерти со кои се консултиравме, постои уверување дека одлуката на Комисијата требала да биде поинаква, односно требало да го земат предвид фактот дека постојат индиции за злоупотреби на функцијата и јавните пари.

Извештаите, наодите и анализите на ЦИВИЛ, како организација со долгогодишно искуство во изборното набљудување, кое подразбира и мониторинг на ДИК, укажуваат дека постојат индиции за кршење на законот и од страна Комисијата за прашања за избори и именувања. Зошто?

Најпрвин, основата на оставката на членовите на ДИК  е резултат на притисокот од јавноста. Во тоа време видеото ДИК, оставка кога?, што ЦИВИЛ го објави како дел од иницијативата „Барам одговор“, стана вирално и далеку од тоа да беше единствен начин на искажување на револтот во медиумите и социјалните мрежи. Утредента, на посебна седница, членовите на ДИК поднесоа оставки со низа образложенија, но во ниту еден момент не наведоа јасни причини, дека оставките се должат на манипулации и злоупотреби на законите и процедурите, поради нетранспарентност и лош менаџмент на јавните пари. Институциите беа слепи, глуви и неми, како и секогаш. Тие не поведоа постапка за расчистување на случајот. За награда, сега граѓанките и граѓаните треба да плаќаат и за апанажата на членовите на ДИК кои се, сосема заслужено, на многу лош глас.

ЦИВИЛ континуирано ја алармираше јавноста и ја повикуваше Државна изборна комисија да се држи до принципите на транспарентност и одговорност. ЦИВИЛ поднесе и барање за информации од јавен карактер токму во делот на трошење јавни пари за 2016 и 2017 година, меѓу кои и за висината на поединечните месечни примања, бонусите, мобилните телефони, набавките и други прашања поврзани со законитоста на работењето на 9-те членови на Државната изборна комисија.

Одговорот беше дека нашите барања не се информации од јавен интерес. Набргу се покажа токму спротивното. Илегоа сите информации со конкретни суми за секој член поединечно, вклучувајќи ги и бонусите.

На таа сума пари и неодговорното однесување, барањата за апанажа беа критикувани, со трошка надеж дека Комисијата за прашања за избори и именувања ќе одлучи поинаку, соодветно на законот. Но, одлуката на оваа парламентарна комисија била донесена автоматски, без расправа и без никакви дополнителни постапки. Комисјата имаше обврска да  донесе одлука откако ќе се утврди нивото на одговорноста за злоупотреби на функцијата и злоупотреба на јавните пари. Наместо тоа, Александар Чичаковски, Виолета Дума, Игор Милев, Силвана Бонева и Субхи Јакупи државата, односно даночните обврзници ќе плаќа апанажа уште една година.

„Злоупотребите на јавните пари, нетранспарентноста и неодговорноста се доволно црни дамки во работата на ДИК, а да не говориме и за сите факти кои укажуваат на лошо спроведени изборни циклуси во 2016 и во 2017“ – коментира Џабир Дерала од ЦИВИЛ – „Комисијата за прашања за избори и именувања премногу лесно ја помина оваа точка на нивниот дневен ред. Како да живеат во друга земја и како да не се одговорни за парите на граѓанките и граѓаните кои ги избраа на нивните функции. Тоа е неприфатливо однесување и само покажува каков однос имаат парламентарците кон нашите пари.“

ЦИВИЛ сè уште нема одговор на барањата, освен дека мора повторно да поминува низ истата процедура. Односно, како што објасни Љупка Гугучевка, во изјава за ЦИВИЛ Медиа, ако еднаш  барањето добие одговор, незадоволната странка може да поднесе повторно барање и во тој случај стручната служба на ДИК ќе се произнесе повторно по барањето. И тоа може да оди во бескрај, сé додека некој не се откаже.

Ваквото расчленување на случајот „Оставка на ДИК“ не насочува кон горенаведениот член 23, став 1, конкретно кон немањето право на апанажа, доколку е сторено дело од користољубие.

За крај, спорна е и одлуката на Комисијата за барањето за апанажа на Виолета Дума. Нејзиното барање за апанажа се одбори, а според старосната граница таа веќе треба да е во пензија.  Ако веќе е одлучено, тогаш самата Комисија во нејзиниот случај, според член 19 од Законот за плата и другите надоместоци во кој се вели дека пратеник, функционер и раководен работник не може да го стекне правото апанажа, ако ги исполнил условите за стекнување право на старосна пензија, согласно со закон, го прекршила законот.

Довербата во парламентот и ДИК е истрошена. Како мислат да подготвуваат нови избори со нула доверба во нив, не е јасно. Овој скандал допрва ќе ја чини земјата и повеќе отколку целата сума пари што е злоупотребена. За нешто повеќе од половина година треба сѐ да биде подготвено за изборите идната година, бидејќи изборниот систем, институциите и законот не смее да бидат менувани шест месеци пред одржувањето на изборите.

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: апанажадемократијаДИКзаконзлоупотребајавни париКомисија за прашања за избори и именувањаодлука
Share112Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ