• Latest

Филипов: Меркел побара дискреција и брзо решение за името

February 22, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Филипов: Меркел побара дискреција и брзо решение за името

February 22, 2018 16:03
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларката Ангела Меркел од заедничката прес-конференција во Берлин со македонскиот премиер Зоран Заев упати пораки на охрабрување до двете засегнати страни, македонија и Грција, да го решат прашањето за името, смета поранешниот амбасадор на Република Македонија во Германија Ѓорѓи Филипов. 

– Меркел ги охрабри двете земји да ги доведат преговорите до решение, кажувајќи дека разговарала и со грчкиот премиер Ципрас. И тој и Заев и рекле дека е можно наоѓање на решение. Меркел строго, но многу јасно потенцира дека преговорите или разговорите се водат премногу јавно, со што се ремети преговарчкиот процес давајќи им прилика на противниците на разговорите и на наоѓањето на решение од двата табора да го сопираат или да го насочуваат во погрешен правец, вели Филипов.

Тој појаснува дека „нејзиниот став кој беше изразен повеќе како општа констатација за водење на преговори отколку како дирекнта „критика” кон двајцата шефови на влади, треба да вроди со плод и да даде резултати до мај годинава, за да можат оперативно да се спроведат некои чекори од евро-атланското приближување на РМ.

Притоа, според него, таа не заборави, по кој знае кој пат, да потсети дека „компромисот што ќе се постигне ќе биде подеднакво болен за двете страни”.

– И, тоа не е така заради Македонија и Грција, тука заради законите на преговарање што мора да се почитуваат доколку се сака да се изнајде решение за одредено прашање со преговори. На прес-конференцијата таа кажа дека таквото место (прес-конференција) не е место на кое би требало да се откриваат детали од преговорите, за кои, ете после  толку време, можно е нешто и вистинско да се случи. Притоа нагласи дека „брзањето” и „работа под притисок”  не се гаранција за изнаоѓање на најпогодно решение, вели Филипов во коментар за МИА.

Смета дека Берлин не е инволвиран во решавањето на спорот за името.

– Не сметам дека Германија „зад кулисите” игра одредена улога. Таа ја игра улогата отворено, како што видовме, се разбира имајќи свесност за реалниот распоред на нештата и земајќи ги предвид интересите на двете земји, особено дека едната земја (Грција) е членка на двете организации, каде што другата членка (Македонија), сака да влезе, и каде што важат принципите на комплетна согласност на сите веќе постоечки членки, за влез на членките аспиранти. Би додал само дека како и досега Меркел го употребуваше името Македонија и придавката македонски, а овој пат, на прес-конференцијата, тоа го повтори невообичаено голем број пати, па некои од присутните се прашуваа дали тоа евентуално нешто значи, подвлекува амбасадорот Филипов.

Според она што тој имал можност да ги прегледа реакциите, а и од реакциите на негови пријатели од Грција посетата на Заев, неговите изјави и изјавите на канцеларката Меркел се позитивно прифатени и влеваат надеж дека е можно нешто вистинско да се случи.

– Тука ја додавам и свесноста дека ниту едно екстремно барање на било која од страните нема да биде прифатено од спротивната страна и дека и двете страни еднакво ќе жалат и еднакво ќе се радуваат на евентуалното решение на спорот, наведува Филипов.

Инаку, средбата на премиерот Зоран Заев со сојузната кацеларка Ангела Меркел, вели, очигледно, поминала во срдечна и искрена атмосфера, на која биле разменети мислења по многу прашања, а најмногу внимание покрај изгледите за зачленување на Македонија во НАТО, односно отпочнување на преговорите со ЕУ, и било дадено на економската соработка.

Германија, нагласува Филипов, е најважен економски партнер на РМ со размена од 3.155 милијарди евра, а речиси 60 отсто од вкупниот извоз на Македонија во ЕУ е извоз во Германија. Секако дека улогата на Германија во Европската централна банка, во Светската банка и во ММФ е голема, оттаму и надворешната финансиска кредитна поддршка на земјата зависи многу и од оваа земја. Самите случувања со најновите позајмувања на РМ од надворешни извори, посочува тој, говорат дека РМ повторно добива поткрепа на овој план. Меркел го нагласила значењето на Берлинскиот процес за целиот регион на Западен Балкан, првенствено од економска, а потоа и од  политичка гледна точка.

– Сметам дека посетата ќе придонесе за забрзување на некои процеси околу одобрување на средствата за економска поддршка на проекти од значење за Македонија и соседите, како што е на пример автопатот и пругата со Бугарија и сличните врски со Албанија, како и довршување на комплетното поврзување со автопат помеѓу Македонија и Србија и Македонија и Грција. Меркел призна дека до исплатата на средствата се доцни поради бавната администрација на проектите во Брисел, вели во изјавата за МИА амбасадорот Ѓорѓи Филипов.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГерманијаГрцијаЗаевМакедонијапосетаФилипов
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ