• Latest

Поетска збирка на Лулзим Хазири – „Кога љубовта се троши како креда“

February 26, 2018

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поетска збирка на Лулзим Хазири – „Кога љубовта се троши како креда“

February 26, 2018 12:19
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Издавачката куќа „Готен“  на 28 февруари, со почеток во 20 часот, во просториите на „Кино Култура“ ќе ја промовира на поетската збирка „Кога љубовта се троши како креда“ од Лулзим Хазири. Промотори на изданието ќе бидат академик Луан Старова и Салајдин Салиху. Преводот на песните од албански на македонски јазик е на Линдита Ахмети.

Според Салајдин Салиху, рецензентот на „Кога љубовта се троши како креда“ да се пишува за поезијата на Хазири значи, уште на почетокот, да се биде внимателен во изборот на начинот на пишување и да се одбегне секаков вид конформизам. Хазири е поинаков глас во албанската поезија, творец кој носи нешто ново во албанската поезија. Хазири на албанската поезија ѝ ја носи урбаната чувствителност, третирањето мотиви што се среќавале во светската книжевност, но не беа толку присутни во албанската книжевност.

Поезијата на Лулзим Хазири е преведена на неколку јазика, застапена е во неколку национални и странски антологии. За неговото дело пишувале албански и странски критичари. Наречен е „поетот созреан со рокенрол, кој стои од другата страна на нормите” (M. Лимани); „поет кој создава преку хиперсензибилност, кој креира тематска самостојност, кој има автентично гледиште на проблемите и самостојност во изразувањето“ (Рамадан Муслиу); „поет кој изградил ’нова утопија – албанската книжевност со авто-патишта!’“ (Миѓен Келменди); „поет кој создава фигуративност која фокусира ситуација, амбиент и преку глобална слика комуницира со својот вознемирен свет“ (Али Алиу); „поет кој е претставник на поколението исполнето со длабок очај и разочарување, со морални, професионални, политички и татковински вредности на постарото поколение“ (Абдулах Конушевци).

Лулзим Хазири е роден во 1962 година во Гостивар. Досега објавил 4 збирки поезија и две книги со есеи и колумни. Песните му се преведени на англиски, француски, романски, хрватски и македонски јазик. Активен е по полето на заштитата на човековите права.

Објавувањето на книгата е поддржано од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на Годишната програма за 2017 година.

Tags: „Кога љубовта се троши како креда“збиркаЛулзим Хазирипоезијапромоција
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ