• Latest

Се бара одговорност од Антикорупциска

March 2, 2018

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се бара одговорност од Антикорупциска

March 2, 2018 08:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Пратениците од СДСМ и ДУИ побараа од членовите на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) да си поднесат неотповиклива оставка поради констатираните злоупотреби во ревизорскиот извештај, а доколку тоа не го направат најавија дека ќе покренат собраниска постапка за нивно отповикување.

– Членовите на ДКСК веќе немаат професионален и етички кредибилитет да ја извршуваат оваа фунција ниту еден ден повеќе. Од тие причини доколку тие не поднесат неотповиклива и итна оставка, Собранието како орган надлежен за избор на членовите на оваа комисија ќе покрене постапка за нивно разрешување, изјави вчера потпретседателката на Собранието и пратеник од СДСМ Фросина Ташевска Ременски.

Таа нагласи дека барањето за оставки е од владејачкото мнозинство, односно од пратениците од СДСМ и од ДУИ.

Од членовите на Антикорупциска одговорност и нулта толеранција за корупција очекува и Владата, а Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на ДКСК.

– Во изминативе седум месеци покажавме дека не постои толеранција кон именуваните функционери кои имаат покажано неодговорно трошење на парите на граѓаните и сите кај кои беше утврдена таква состојба поднесоа одговорност. Владата постојано укажува дека одговорното трошење на буџетските пари треба да биде почитувано и од сите останати јавни функционери како што беше примерот со Државната изборна комисија. Очекуваме дека и членовите на ДКСК ќе го следат принципот на нулта толеранција за корупција и ќе покажат одговорност имајќи ги предвид последните случувања и имајќи предвид дека тоа е суштината на нивната работа, велат од Владата.

Од СДСМ преку соопштение до медиумите порачаа дека е скандалозно и недозволиво членовите на институцијата која е задолжена да се бори против различни видови корупција, да се однесуваат неодговорно и расипнички во трошењето на парите на граѓаните, бидејќи следењето на неодговорно и коруптивно трошење на буџетските пари е суштината на нивната работа.

– СДСМ го почитува принципот на нулта толеранција кон корупцијата и затоа, сите членови на ДКСК кои расипнички и неодговорно ги трошеле парите на граѓаните, мора да понесат одговорност и да поднесат итни и неотповикливи оставки, порачуваат од партијата.

Ревизијата на УЈП утврдила неправилности во делот на начинот на наплата на платата и патните трошоци од страна на членовите на ДКСК, односно наплата на патни трошоци врз основа на фиктивни налози и патни налози и налози кои не соодветствуваат со агендата која ја имала Комисијата и членовите. Медиумите објавија дека ревизијата констатирала дека на членови од ДКСК им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници, а исплатата се вршела врз основа на неверодостојни патни налози. Потоа, некои од нив воопшто не доаѓале на работа, туку само на седници, и биле поднесувани по три патни налози за ист ден,… 

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ДКСКзлоупотребаоставкипатни трошоциФросина Ременски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ