Во организација на Анархистички групи – Атина (Anarchist group from Athens) денеска во Камара, Солун, со почеток во 12 часот се одржаа демонстрации со јасни пораки против репресијата, сиромаштијата, фашизмот, ксенофобијата, национализмот и војната на моќните.
Демонстрантите повикаа на интернационалистички борби за субверзија на државното и капиталистичкото варварство, за општествената револуција, за анархијата и комунизмот.
„Нашата борба е против експлоатација и репресија на луѓето од луѓето, за свет на еднаквост, солидарност, правда и слобода“, стои во повикот на организаторите.
На протестот беа повикани сите анархистички групи од Балканот и светот.
Александрос Стаматиу
Специјално за ЦИВИЛ Медиа
Фотографии: Костас Цакалидис (Kostas Tsakalidis)