Американскиот режисер Дејвид Гордон Грин и сценаристот Дени Мекбрајд, кои се прославија со филмот „Blumhouse’s Halloween“, подготвуваат нов хорор, а по се, изгледа тоа ќе биде преработка на контроверзниот „Српски филм“.
Филмот на режисерот Срѓан Спасојевиќ од 2010 предизвика бурни реакции не само во Србија, туку и пошироко, а холивудското дуо има намера да направи римејк што ќе ги помести границите на садизмот и бруталноста.
– Го гледав „Српски филм“ во Сакраменто пред неколку години, Срѓан беше таму и одговараше на прашања, па некој го праша дали жали за тоа што го направил филмот. Тој одговори „Жал ми е што не е побрутален“. Тоа ме фрли наземи!, рече Мекбрајд.
Според него, „Српски филм“ е целосно несфатен.
– Да, тоа е ментален и визуелен напад на сите сетила, но има и причина за тоа. Без обѕир на насловот, темите коишто ги опфаќа филмот, не се исклучиво српски. Затоа, Дејвид и јас разговараме за тоа да направиме преработка, и ќе ја наречеме „Американски филм“, додава сценаристот.
Прашан – кој би ги толкувал улогите, Мекбрајд може да потврди само за канадскиот актер Мајк Сера, што ќе го игра американскиот еквивалент на ноторниот протагонист Милош, којшто во оригиналот го одигра Срѓан Тодоровиќ.
Филмот е се уште во фаза на претпродукција.
[divide]
извор: МИА