• Latest

Се одржа 62 владина седница

April 3, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се одржа 62 владина седница

April 3, 2018 17:42
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска ја одржа 62. седница на која е одобрена државна помош за нова, десетта странска инвестиција според новите мерки за поддршка, намалена е каматната стапка за кредити на Банката за поддршка на развојот, а донесена е и одлука за отпочнување постапка за изградба на нов објект за Државниот архив.

Владата, како што се наведува во соопштението, ја одобри одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината, со нацрт – договор за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство, трговија и услуги БАУМЕР ДООЕЛ Скопје, чија матична компанија е Баумер Холдинг АГ од Швајцарија. Ова е десетта поддршка за странска инвестиција според новата програма за поддршка на економскиот план на Владата.

На 62. седница Владата го разгледа и усвои Полугодишниот извештај за износот и бројот на одобрени кредити од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), структурата по банки учеснички, како и состојбата на салдото, и го овласти Драган Тевдовски, министер за финансии, со Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје (МБПР) да потпише Анекс кон Договорот за администрирање на Посебниот кредитен фонд бр.51-422/1 од 21.01.2011 година склучен меѓу Владата на Република Македонија и МБПР.

Со Анекс на Договорот склучен со МБПР ќе се намали каматната стапка за банките учеснички од 3% фиксно годишно на 2% фиксно годишно, ќе се намали каматната стапка за крајните корисници од до 8% годишно на до 5% годишно, ќе се зголеми максималниот рок на отплата на кредитите од 8 на 10 години и ќе се овозможи пласирање на кредити со намена и само за обртни средства со рок на отплата до три години со вклучен грејс период до шест месеци и со тоа ќе се обезбеди поголема поддршка на развојот од страна на Банката.

Како дополнителен заклучок, како што се наведува во соопштението, Владата ја задолжи Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје да подготви Стратегија за зголемување на капацитетите за финансирање на македонски компании, со поконкурентни цени и услуги, како и подобрување на условите за осигурување на извозот на македонски производи и во рок од 15 дена да ја достави до Владата.

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на овој прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив. Владата, се посочува во соопштението, го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов.

На седницата беше разгледана и усвоена Информацијата во врска со донесување на Национална Стратегија за мали и средни претпријатија (МСП) 2018-2023, со Предлог-стратегија и акциски план. Стратегијата за МСП дефинира рамка за соработка меѓу чинителите од јавниот и приватниот сектор и граѓанското општество со цел поддршка на развојот на МСП и иновативноста во насока на зголемување на нивната конкурентност. Целите на стратегијата се да се создаде поволно деловно окружување во коешто се поттикнуваат претприемништвото и инвестициите, да им се помогне на МСП да станат високо продуктивни и конкурентни учесници на европскиот и другите меѓународни пазари, и да се поттикне економската конкурентност на Македонија преку зголемување на претприемачкиот и иновативниот капацитет на МСП. Стратегијата за МСП е изготвена во согласност и со Актот за мали претпријатија (АМП) на Европската унија.

На предлог на Министерство за внатрешни работи, владата денеска го утврди текстот на Предлог – закон за странци, со кој се врши усогласување со европското законодавство во областа на миграцијата, односно условите за влез, визите, одобрувањето на престојот и враќањето на странец со незаконски престој.

Владата да ја разгледа и усвои Информацијата со новиот ревидиран текст на Акцискиот план за воспоставување на надворешен механизам за контрола над работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција, со кој се дефинираат клучните активности за воспоставување на надворешниот механизам, надлежните институции и временските рокови за нивна имплементација, проценка на потребните финансиски средства и нивното обезбедување во буџетот на соодветните институции.

На предлог на Министерството за одбрана, денеска Владата ги разгледа и усвои предлог – одлуките за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировните операции „Одлучна поддршка“, во Авганистан, и „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, се посочува во соопштението.

Министерството за здравство на денешната седница информираше за оранизацијата на 39-иот состанок на Бордот на Глобален фонд во Скопје, кој треба да се одржи на 9 и 10 мај 2018 година, како и за организацијата на Министерскиот состанок на земјите од Југоисточна Европа на темата „Одржлив одговор за ХИВ и туберкулоза“ на 7 мај оваа година.

На оваа седница владата ја одобри предлог-одлуката за прогласување на Манастирот Св. Андреја – Матка, во општина Сарај, изграден во 1388 – 1389 година, за културно наследство од особено значење, во поткатегоријата големо значење.

Во соопштението се наведува дека на денешната седница владата го разреши Мите Костадинов од функцијата Претседател на Управниот одбор на АД Водостопанство на Република Македонија, а Муамет Хоџа е именуван за втор портпарол на Владата на Република Македонија.


извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: владаседница
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ