• Latest

Спасовски: Западнобалканската мигрантска рута се уште жива

April 5, 2018

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Западнобалканската мигрантска рута се уште жива

April 5, 2018 11:53
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Западнобалканската рута иако со помал интензитет се уште е жива, потенцира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на дипломатски брифинг на Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) – МАRRI Friends Meeting.

– За жал по официјалното затворање на рутата, се појавија голем број криумчари на мигранти и се почесто мигрантите се жртви на истите, а неретко се жртви и на трговија со луѓе. Оваа проблематика е виско на агендата на МВР, а се разбира и на ЕУ и на сите регионални и меѓународни организации, рече Спасовски.

Регионот на Западен Балкан ЕУ го идентификува како влезна порта за мигрантите. Во текот на 2015 и првата половина на 2016 година меѓу 800.000 и еден милион лица транзитирале низ Македонија, при што околу 200 од нив побарале азил во земјава.

– Доколку се земе во предвид дека во овој период имавме само нешто повеќе од 200 барања за азил, можеме со сигурност да заклучиме дека Република Македонија беше и останува земја за транзит. Главна дестинација на овие лица се многу поразвиените западно европски земји, рече Спасовски.

Посочи дека останува обврската на македонските власти да им обезбедиме соодветна заштита додека се на територијата на земјата и согласно законските решенија да им се пружиме соодветна помош.

Потсети дека земјава интензивно работела на изготвување квалитетни решенија во Законот за меѓународна и привремена заштита, како и во Законот за странци, при што се земени предвид одредбите од европското аки (законодавство), како и најдобрите пракси од земјите членки на ЕУ.

Со оглед на тоа дека сторителите на кривични дела постојано ги менуваат своите начини на дејствување, заради зголемување на ефикасноста формирана е Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, со која е направен директен линк меѓу МВР и Јавното обвинителство, се со цел побрзо процесуирање на случаите поврзани со трговија со луѓе.

Во однос на соработката во рамките на МАРРИ, Спасовски рече дека визијата е МАРРИ Регионалниот Центар да добие структура спремна да спроведува проекти од поголем обем, самостојно да настапува пред донатори за средства потребни за проекти кои самите учеснички ги препознале како потребни.

Македонија претседавала со работната група за изработка на нова организациска структура и утврдување на внатрешните процеси, со што би се овозможило побрз проток на информации, поголема динамика во спроведувањето на конкретни проекти, како и подобро презентирање пред потенцијалните донатори за проекти од значење на МАРРИ учесничките.

Следната недела ќе има состанок на работната група во Регионалниот Центар во Скопје.

Оваа година МАРРИ избира нов директор на Регионалниот центар, а МВР, како што информираше Спасовски номинирало соодветен кандидат со долгогодишно искуство од областите на гранично управување, азил и миграција, вклучително и богато искуство во управување и имлемантирање на проекти финансирани од ЕУ и други донатори.

Актуелна директока на МАРРИ е Тамара Мугоша. Таа на брифингот истакна дека во претстојниот период е потребно да се дефинираат регионалните приоритети и да се спроведат реформи во комуникацијата, координацијата и кооперацијата не само меѓу владините, туку и на нивно на администрацијата.

Дополни дека се изготвува заедничка дата база за легална миграција, преку која земјите од МАРРИ ќе имаат преглед на движењето на луѓето на таа територија, пред се ќе се има увид во економската миграција.

Антонела Демолеа, од Министерството за надворешни работи на Албанија, која е актуелен претседавач на МАРРИ, истакна дека за време на претседателството е комплетирана нацрт-стратегијата за 2018-2020, поставени се новите услови за избор на директор, а во подготовка е министерски состанок на земјите-учеснички, кој ќе се одржи во јуни.

Дипломатскиот брифинг се одржува секоја година во Министерството за надворешни работи на РМ, со цел да се запознае дипломатскиот кор, меѓународните организации, партнерите и донаторите со работата на МАРРИ во изминатата година.

МАРРИ е единствена регионална иницијатива за проблематиката со миграциите во која членуваат шесте влади од Западен Балкан- Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Основана во контекст на Пактот за стабилност за ЈИЕ во 2004, МАРРИ е префрлена под регионална сопственост во 2008 година.

[divide]

извор: МИА

Tags: МакедонијамигрантиРутаСпасовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ