• Latest

7 април низ вековите

April 7, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

7 април низ вековите

April 7, 2018 08:04
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска е Светски ден на здравјето. Во 1948 година стапил во сила Уставот на Светската здравствена организација.

1348.- Во Прага бил основан Универзитет, прв во централниот дел на Европа.

1614.- Умрел шпанскиот сликар и вајар од грчко потекло Ел Греко. Од родниот Крит преку Венеција, каде што учел да слика кај Јакоп Тинторето, и Рим пристигнал во шпанскиот град Толедо во кој живеел 37 години и останал до смртта. Тој најмногу сликал портрети и обработувал религиозни теми. Негови најпознати дела се „Погребот на грофот Оргаза“, „Духови“, „Лаокон“, „Толедо“ и други.

1770.- Роден е англискиот писател Вилијам Вордсворт, чија поезија го означи преминот од класицизмот во романтизмот. Централна тема на неговата лирика е описот на чувствувањето на мистичната поврзаност со природата. Негови познати дела се збирката песни „Лирски балади“ и стихуваната автобиографија „Прелудиум“.

1772.- Роден е францускиот економист Шарл Фурие, социјалист-утопист кој сметал дека капитализмот е „асоцијален“ бидејќи во него поединците се во постојана војна едни со други. Дела: „Новиот индустриски и општествен свет“, „Теорија на четири проекти“, „Собрани дела“.

1915.- Родена е американската пејачка Елинора Фејгн, позната како Били Холидеј, наречена „кралица на џезот и блузот“. Според музичките критичари, се уште ниту еден џез-пејач не се доближил до нејзините интерпретации.

1939.- Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. Земјата била заземена без ниеден испукан куршум.

1939.- Роден е американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Френсис Форд Копола, еден од најзначајните филмски творци во САД во втората половина на 20 век, добитник на пет Оскари и две „Златни палми“ на фестивалот во Кан.  Ги режирал филмовите „Деменција“, „Сега си голем дечко“, „Долината на среќата“, „Кум“, „Кум II“, „Кум III“, „Големиот Гетсби“ и други, а сценарио напишал за „Њујоршки приказни“, „Кум“, „Деменција“ и други филмови.

1945.- Американските авиони во Втората светска војна го потопиле најголемиот јапонски воен брод „Јамато“.

1947.- Умрел американскиот автомобилски магнат Хенри Форд, кој најмногу придонесол за развојот на автомобилизмот. Првите „бензински кочии“ ги конструирал во 1896 година, а од 1899 година произведувал автомобили. Прв го вовел сериското производство, а во 1908 година го создал „моделот Т“, првиот „народен автомобил“.

1953.- Во Белград умрел Димитар Влахов, македонски револуционер, политичар и публицист. Повеќе децении бил присутен на македонската историска сцена во борбата на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. Роден бил во Кукуш, Егејска Македонија, на 8 ноември 1878 година.

1963.- Донесен бил уставот со кој називот Федеративна Народна Република Југославија бил сменет во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз бил прогласен за доживотен шеф на државата.

1966.- Од Средоземното Море кај шпанскиот брег била извадена американска хидрогенска бомба, која паднала од авион поради техничка грешка.

1980.- САД ги прекинале дипломатските односи со Иран.

1990.- Фериботот „Скандинавска ѕвезда“ бил зафатен со оган во текот на крстарење во Северното Море меѓу Норвешка и Данска и во несреќата загинале 158 луѓе.

1992.- САД ги признале како независни држави поранешните југословенски републики Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.

1994.- Во текот на судирите меѓу припадници на војската, полицијата и бандите во главниот град на Руанда, Кигали, бил убиен премиерот Агата Увилингијиман.

2005.- По речиси шест децении, откако во 1947 година била повлечена границата меѓу Индија и Пакистан во Кашмир, отворена била автобуска линија меѓу престолнините на индискиот и пакистанскиот дел на Кашмир, Шринагар и Музафарабад.

2006.- Во северен Багдад, во три експлозии на бомбаши-самоубијци внатре и пред шиитска џамија загинале 70 луѓе, а биле ранети 158 лица.

2017.- Во Загреб на 87 години починал големиот хрватски и југословенски актер Реља Башиќ. Кариерата ја започнал во драмскиот ансамбл на ХНК во 1955, но во 1968 станува самостоен уметник и игра на повеќе театарски сцени. Реља Башиќ е еден од плејадата успешни и популарни југословенски глумци, а на повозрасната публика и е познат по бројни филмски улоги. Најпозната е неговата ролја во филмот „Кој пее, зло не мисли“, како господин Фулир. Во својата кариера Реља Башиќ играл во 3.700 театарски претстави, а глумел во над 56 домашни и странски филмови. Башиќ е роден во 1930 година во Загреб.


Извор: МИА

Tags: времепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ