• Latest
Добро утро со Орданоски

Велигден како политички карневал?

April 10, 2018
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Велигден како политички карневал?

April 10, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]ладејачката Православна социјалдемократска партија на Македонија (ПСДМ) велигденските празници ги дочека, традиционално, ортодоксно-социјалдемократски: со многу свеќи, задушлив темјан, шарени јајца, заклани јагниња и јариња за крај на постот и со христоси кои воскреснаа низ целата земја македонска!

Браво. Баш како што доликува на една конфузна левичарско-центристичка партија во која нема согласност околу тоа кој колкав данок треба да плаќа во општеството, но затоа нема дилеми дека божествените провиденија и останатите придружни верски визвишенија треба доследно традиционалистички естрадно да си се прослават. Значи, не како приватно духовно право да си верува кој во што сака, туку со голема публичност, со камери и фоторепортери на сите страни, со туркање во првите минути на вестите, на насловните страници на весниците и со ударните објави на интернет-порталите, за да не се пропушти шансата да се покаже колку социјалдемокративе се „блиски до народот“.

Низ црквите, верниците тешко се пробиваа до распеаните велигденски попови и владици, изолирани од кордоните актуелни локални и државни функционери, насликани во првите епархиски редови. Претпоставувам дека групно го молеа Господ да им го овозможи божјото чудо на земјата од областа на инфраструктурните инвестиции, решавањето на спорот со името, структурните реформи и приемот на Македонија во ЕУ и НАТО.

За да нема забуни, дури и на официјалната партиска интернет страница на СДСМ, генералниот партиски секретар Кирацовски, „во духот на христијанските вредности“, ни го воскресна, навистина ни го воскресна Христос!

Додадете ја на тоа кичерајската верска хистерија на социјалдемократите на Фејсбук и едниот милион вибер-групи за трошење на христијанските телефонски батерии со бесмислени, иако несомнено добронамерни за-многу-години-празникот пораки – и сликата (да не кажам оваа пара-велигденската икона) е комплетна.

Социјалдемократи? Мај ееес! За Велигден (како и за Божик, Богојавление, Богоспасение, Крстофрлание и Крстофаќание) СДСМ повеќе наликува на некаква провинциска верска организација која, веројатно кога Господ паднал жртва на попладневна дремка, некако успеала да воскресне на власт глумејќи побожност.

Во Македонија, евидентно, никому не му пречи сквернавењето на Уставот, кога е секуларниот карактер на државата во прашање. Да потсетам, според членот 19, став 3, од Уставот, сите верски заедници „се одвоени од државата и се еднакви пред законот“. Во практика, не се. Ама кога е верата во прашање, тоа никому како да не му пречи.

А знае ли СДСМ колку од неговите гласачи не се побожни иле не се ни ортодоксни христијани, впрочем? Тие што да прават – да се организираат во изворна социјалдемократска фракција во партијата?

МПЦ токму сега, „под СДСМ“, ги доживува своите ѕвездени мигови. ВМРО со години презриво ги третираше владиките на МПЦ повеќе како вработени (и добро платени) спиритуални службеници, како општински секретари за (ограничени) духовни прашања во вмровската демохристијанска корпорација на власт. Во вмровската хиерархија на вредности, митрополитите им се на видно пониско ниво од гатачките и астролозите на Георгиевски и Груевски, можеби и затоа што вториве редовно им предвидуваа „дека ги чека далечен пат“ и „многу пари“.

Кај денешново СДСМ, пак, неколку видни министри, на чело со премиерот, како да се натпреваруваат кој ќе покаже поголема снисходливост и покорност кон нашава православна номенклатура. (Премиерот, да ве потсетам, и лично собираше донации за црквата во Струмица, нели…) МПЦ сега високо се вивна во политиката на нацијата со барањето за „посвојување“ до БПЦ, а владиката Наум е веројатно највлијателниот, не само духовен, туку политички советник на премиерот Заев. (Што, инаку, е комплексна „распутиновска“ тема која заслужува многу посериозно да се истражи.)

Значи, ако се држиме кон социјалдемократијата, и кон црковно-верските прашања, сегашниот СДСМ како да негува една идеолошки конфузна, вредносно збркана, политички контроверзна и кадровски нејасна политика.

Добро, можеби Христос навистина бил првиот реален социјалист на планетава Земја, но не верувам дека нашиве модерни сдсмовци ја имаат таа идеолошка финеса предвид кога за Велигден, невкусно, ни се натураат со своето јавно верско дефиле. Не бива од верата да се прави дневно-политички карневал. Особено не од страна на СДСМ, добога!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВелигденвераМПЦрелигијаСДСМсекуларностУстав
Share356Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ