• Latest

Реформските закони пред пратениците

April 10, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Реформските закони пред пратениците

April 10, 2018 09:09
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири работни дена за завршување на процедурата за носење на реформските закони имаат пратениците пред новиот Извештај за напредокот на земјата што ќе биде објавен следниот вторник, на 17 април. 

Финалната интензивна собраниска агенда ќе биде позната по денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, јави МИА. Извесно е дека законите би требало да бидат донесени најдоцна до петок. Во среда, пак, според очекувањата на опозицијата, треба да се одржи седница за доверба на Владата за што барање потпишаа 41 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Собранието, според агендата на веб-страницата, за денеска има закажано четири собраниски седници од кои три со по една заостаната точка и неколку комисиски заседанија. Дел од овие точки се токму реформските закони.

На 34. седница е реформскиот закон за судовите, на 35-та се дополнувањата на Законот за јавното обвинителство и Законот за кривична постапка, во второ читање, а закажана е и 22. седница со една заостаната точка, измени и дополнувања на законот за Заштита на сведоци, по скратена постапка. Зажана е и 41. седница со неколку точки кои не се од реформскиот пакет.

Се очекува во четврток да биде закажана уште една собраниска седница на која на дневен ред ќе се најдат пакетот закони за следење на комуникациите. Собраниската Комисија за одбрана и безбедност, на која на дневен ред се предлозите на законите за следење на комуникациите и за ОТА, двата во второ читање, и измените и дополнувањата на Законот за оружјето, ќе заседава денеска, со што се очекува да се создадат услови тие да се најдат пред Собранието. На оваа собраниска седница би требало да учествуваат и пратениците на опозициската партија. Нивното учество во работата на Парламентот најнапред беше условено со притворот на нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ по насилствата од 27 април, а потоа откако тие беа ослободени или се во домашен притвор, решија да седнат во собраниските клупи на седница за интерпелација на Владата. Па така таа седница се очекува да биде во среда, а во четврток веќе и тие да гласаат за реформските закони, за кои и нивниот претседател Христијан Мицкоски кажа дека има постигнато договор.

Освен внатрешните, активностите продолжуваат и на надворешен план со новата билатерална средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на 12 април во Охрид за изнаоѓање решение за спорот за името.


извор: МИА

Tags: реформски закониСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ