На социјалните мрежи граѓани покренаа акција за укинување на патарините и воведување „вињета“.
„Укинувањето на патарините и воведување на „вињета” би го олеснило движењето по македонските патишта. Исто така, драстично би се намалиле неподносливите гужви на наплатните рампи особено во периодите кога низ државата транзитираат туристи. Локалните патишта би се растеретиле од возила и камиони кои луѓето ги користат како алтернатива со цел да заштедат плаќање патарина. Вработените во патарините би се прераспределиле како контролори и продавачи на вињети. Со добро конципиран систем Македонија ќе стане главна крстосница на Балканот“, стои во повикот за потпишување на петцијата.
М. И.