Во италијанскиот регион Апуља дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, кои се обиделе да запрат камиони да дојдат до градилиштето на Трансјадранскиот гасовод во тој регион.
Еден учесник во протестите е уапсен, а двајца полицајци се полесно повредени. Демонстрантите се обиделе да го блокираат автопатот кој го поврзува градот Лече со градилиштето во населбата Сан Фока.
Трансјадранскиот гасовод треба да биде изграден од Грција, преку Албанија и Јадранското Море, до Италија за снабдување на тие земји со азербејџански гас.
[divide]
Извор: МИА