• Latest

Пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид на слон во неготинско Долни Дисан

April 23, 2018

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
Илустрација: ВИ

Црна Гора на чекор до ЕУ: 2028 како цел, Хрватска како главна пречка

November 4, 2026

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид на слон во неготинско Долни Дисан

April 23, 2018 13:34
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Уникатно палеонтолошко откритие во близина на неготинско Долни Дисан, информираат од Националната установа Природонаучен музеј на Македонија и Министерството за култура на Република Македонија. Во тек се палеонтолошките ископувања од страна на експерти за колекционирање и конзервирање на пронајдени фосилни остатоци од изумрен вид на слон, а утре локалитетот ќе го посети и министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Палеонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија, од 20 април 2018 година започнаа со ископување на фосилни остатоци од изумрен вид на слон (Choerolophodon pantelici), чија старост прелиминарно се проценува на околу осум милиони години. Фосилните остатоци беа откриени при заедничката теренска работа кај селото Долни Дисан во 2017 година. Досега откриените коски укажуваат дека се работи за зачуван значаен дел од скелетот на слонот. Според мислењето на стручниот тим, се работи за наод со големо научно значење. Фосилни остатоци од овој вид на слон се најдени на повеќе локалитети во Македонија и ширум Евроазија, но комплетен скелет од ова животно досега не и е познат на науката. Ова го прави наодот уникатен во светски рамки, затоа што ќе одговори на повеќе прашања за изгледот и начинот на живот на овој предок на денешните слонови.

ДОЛНИ ДИСАН ИСКОПУВАЊА

Со поддршка на Министерството за култура преку програмата за музејска дејност, стручен тим од Природонаучниот музеј на Македонија раководен од Биљана Гаревска, заедно со стручна помош од палеонтолози од Природонаучниот музеј од Софија предводени од Николај Спасов, во деновите кои претстојат ќе ги колекционираат ископаните остатоци. Се изразува надеж дека во блиска иднина фосилните коски ќе бидат конзервирани и претставени на македонската и меѓународната јавност, преку соодветно изложување во просториите на Музејот.

По својата старост (видот живеел пред 8 до 7 милиони години), овој вид слон е постар од мамутите (5 милиони – 4500 години). Населувал суви тревести живеалишта еквивалентни на денешните африкански савани. Живеел задно со предци на денешните жирафи, сабјести тигри, примати и други изумрени видови од периодот на миоцен.


Извор: МИА

Tags: Министерството за култура на Република Македонијанеготинско Долни ДисанПриродонаучен музеј на МакедонијаУникатно палеонтолошко откритие
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ