• Latest

Промовирани книгите „Портрети и настани од Егејскиот дел на Македонија“ и „Партизанска љубов“

April 24, 2018

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промовирани книгите „Портрети и настани од Егејскиот дел на Македонија“ и „Партизанска љубов“

April 24, 2018 14:35
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Книгите „Портрети и настани од Егејскиот дел на Македонија“ од Благојче Андонов и „Партизанска љубов“ од Фана Мартинова-Буцкова беа промовирани денеска во салата на Советот на Град Скопје, во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија. 

– Во книгата се опфатени мои спомени од детството кои сакав да ги создадам во незаборав за двајца млади борци Македонци, Ѓорѓи од Желево и Доста од Бапчор кои се бореле за демократизација на Грција и за национални права на Македонците во Грција. Според партизанските прописи нивната љубов била забранета, рече Мартинова-Буцкова.

Промоторот на книгата „Портрети и настани од Егејскиот дел на Македонија“, Васко Гичевски рече дека во неа се опфатени статии и прилози за историјата и развојот на македонското прашање во Грција, почнувајќи од османлиско време до денес.

Промоција

Посочи дека во книгата се содржани прилози за населени места, биографии на личности, описи на настани…Според него, книгата претставува лесно четиво за помладите генерации за да можат да се запознаат со историјата на својот народ, својата земја и да развијат една љубов кон историјата како наука за минатото од која треба да извлечеме поука.

– Ние најчесто децата бегалци ги гледаме како жртви, како обесправени, но во суштина треба да ги поставиме на пиедестал, бидејќи според мене, тие се херои на една борба за прогресивен свет, за еден похуман свет, една борба која не можеа да ја водат на своите детски раменици, беа измачувани, избегаа поради теророт и се разделија од семејствата, додаде Гичевски.

Претседателот на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Евгенија Николовска рече дека книгите се издадени во 400 примероци и се дел од едицијата книги по повод 70-годишнината од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македониј 1948 – 2018 година. Посочи дека одбележувањето на петтата светска средба на децата бегалци ќе се одржи од 19 до 21 јули во Скопје.


Извор: МИА

Tags: „Партизанска љубов“„Портрети и настани од Егејскиот дел на Македонија“Град Скопјекнигипромоција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ