• Latest

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во неформалната средба со министрите за поставување прашања

April 26, 2018

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во неформалната средба со министрите за поставување прашања

April 26, 2018 12:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на неформалната можност за поставување прашања до министрите и премиерот, кое било најавено за денеска за време на паузата на пленарната седница за поставување прашања. Ваков тип поставување прашања до министрите најави пратениничката група на СДСМ по објавувањето на Извештајот за напредокот на ЕК.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на почетокот на седницата за пратенички прашања кажа дека тие своите прашања на премиерот и министрите ќе им ги поставуваат на јавно на пленарката, а не како што кажа на „коктели“.

– Време е да завршите со забавите, кажа Данев додавајќи дека во изминатите десет дена во Македонија имало секаков вид забави посочувајќи на чочеците во тунелот за време на отворањето на автопатот Демир Капија – Смоквица, за прославата за влегување, како што рече во ЕУ и НАТО, а денеска на коктел министрите ќе одговараат на прашања на пратениците. Според него,  ова се прави за граѓаните да заборават на изборните ветувања на власта, на најавите за зголемување на платите и друго.

Седницата за пратенички прашања почна со звуците на народната музика односно чочеци, која ја пуштаа опозиционерите од своите мобилни телефони.

Фадил Зендели од Беса кажа дека иако пред три месеци барал одговор за радиостаницата во Гостивар, него се уште го нема. По ова Илија Димовски, кој обвини дека претседателот на Собранието Талат Џафери се обидува да и се додворува на Владата и од Парламентот да направи нотарско одделение, побара список на сите писмено одговорени прашања од членови на Владата и да констатира кои членови на Владата се присутни на седницата.

Претседателот на Парламентот Џафери праша според кој член од Деловникот треба да направи список на одговорени прашања, но и дека тој не се плаши од ништо што добро знаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Седницата продолжи со поставување на прашања на пратениците од опозицијата.

[divide]

Извор: МИА

Tags: ВМРО - ДПМНЕСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ