• Latest

Собранието го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите

May 3, 2018

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите

May 3, 2018 14:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Собранието на Република Македонија  денеска на првото продолжение на 45. седница го донесе Законот за финансиска поддршка на инвестициите. 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев образложувајќи го законот рече дека тој ќе биде на задоволство на целокупната економија во Македонија.

Овој закон, како што рече, е плод на многу дискусии во државата, на повеќе анализи направени во државата, пред се од Светска банка, од стопанските комори, од Виенскиот економски институт и сите тие се земени предвид и се обидовме да направиме сет на мерки кои ќе бидат максимално транспарентни и поддржувачки за сите. Додаде дека овие мерки се поддржувачки подеднакво за домашни и за странски инвестоитори, кои со овој закон се изедначени.

– Аплицирањето за овие мерки е транспарентно и во соогласност со одредени критериуми….Се работи за компании кои задоволуваат два основни критериуми – да иматат пораст на приходите во тековната година во споредба со претходните три години и второ, тие компании да не намалуваат број на вработени, освен во текстилната и кожарската индистрија каде овие критериуми ги олабавивме за да може тие индустрии да бидат опфатени, рече Анѓушев.

Тој информира дека единствени корисници на овој закон ќе бидат компании кои се производно ориентирани. Се дефинира дополнително дека таму каде што се добавувачи се мисли на производители и никој не мисли на трговци. Во законот ќе има доволно средства за сите компании кои ги задоволуваат критериумите, а тоа е направено врз база на математички модел и врз симулација која е прецизно направена од надворешни личности.  Законот, како што рече, е максимално компатибилен со Законот за државна помош.

Анѓушев потенцира дека никој во Владата не е против странските инвеститори, но оти не се согласуваат со начинот на кој претходно се трошени парите за поддржување странски инвеститори.

Пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека недостигот на јасен и усогласен концепт во водењето на економските политики стана обележје на работењето на Владата. Според него, овој закон досега не бил донесен поради неусогласениот концепт кај Владата, кога е во прашање финансиската поддршка на инвестициите.

– Со овој предлог-закон имаме целосна промена на концептот за привлекување инвеститори, за субвенционирање инвестициите. И ние нема да го кочиме донесувањето на овој закон, но укажавме или сугериравме на потребата од измени во некои членови кога се во прашање субвенционирање инвестиции, односно инвестиции за конкурентност, рече Цуклев. Додаде дека будно ќе ја следат имплементацијата на овој закон.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев на почетокот на седницата рече дека повторно има „штанцање на закони“ и апелираше да се обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник и да се работи. Парламентарното мнозинство, како што рече, се однесува неодговорно кон Собранието и кон граѓаните кои им ја дале довербата.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери рече дека во салата има доволен број пратеници за да може да се работи. Тој укажа дека обврска на мнозинството и на опозицијата е да бидат на своите работни места.

– Ако се решите да излезете, тоа е веќе политика и не коментирам, рече Џафери.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев процедурално изрази надеж дека ќе се најдат сили сите заедно да придонесат за Собранитео да работи непречено.

Пратениците на денешната седница ги донесоа измените и доплонувањата на повеќе закони, меѓу кои за санитарна и здравствена инспекција, за лековите и медицинските средства, за комплементарна и алтернативна медицина, за акредитација…


Извор: МИА

Tags: економијаседницаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ