• Latest

Апел за поголема безбедност на пешаците, лани загинале 34, повредени 900 лица

May 7, 2018
Фото: Скриншот од видео на X

(ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

October 2, 2025
Фото: Фејсбук Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска – Давкова: Ни треба повеќе кантијанизам, наместо макијавелизам

October 2, 2025

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

October 2, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Двајца мртви во напад врз синагога во Манчестер, се верува дека осомничениот е убиен

October 2, 2025

Шукова најавува БРТ линија, еко-автобуси, нов Луна парк и уреден Вардар, „Скопје Авантура“ за граѓаните

October 2, 2025

Османи ветува „чист Чаир“, Герасимовски нова градинка, Огненовски „економска Битола“, Лукровски стоп за бетон, Митовски ново срце за Гази Баба, Стојкоски пензионерски дом, а Митески нула деца на чекање

October 2, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мета наскоро ќе ги користи вашите разговори со нејзиниот АИ четбот за да ви продава работи

October 2, 2025
Фото: ДЗС

Ангелов во Хрватска: Разговори за сервис на ер трактори и размена на искуства во противпожарната заштита“

October 2, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за демократија и хибридни закани

October 2, 2025
Фото: Скриншот од веб страната на WSJ

WSJ: Трамп одобри разузнавачка помош за нападите на Украина со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура

October 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Апел за поголема безбедност на пешаците, лани загинале 34, повредени 900 лица

May 7, 2018 11:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска упати апел до пешаците за нивно одговорно учество во сообраќајот и ги потсетува дека, внимателното учество во сообраќајот не е грижа само на возачите, туку и на пешаците.

– Секој пешак има обврска да се грижи за својата безбедност и да дава личен придонес за непречено одвивање на сообраќајот, истакнуваат од РСБСП и потсетуваат дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи е обврска на секој учесник во сообраќајот, вклучително и на пешаците.

Статистиката покажува дека минатата година 34 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 17 се на возраст над 65 години, а повеќе од 900 биле сериозно повредени.

Според РСБСП една од причините зошто пешаците толку многу страдаат во сообраќајот, покрај неодговорните возачи и несоодветната сообраќајна инфраструктура,  е и непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од нивна страна.

– За жал, секојдневно можеме да видиме пешаци како поминуваат улица надвор од пешачки премин, на црвен пешачки семафор, како се движат помеѓу две коловозни ленти, помеѓу возила во движење, но и пешаци кои воопшто не ги следат случувањата во сообраќајот поради  мобилниот телефон или слушањето музика. Непотребното задржување на коловозот е редовна појава, особено од страна на повозрасните пешаци, укажуваат од РСБСП.

Оттаму додаваат дека пешаците се најмасовна и најранлива група учесници во сообраќајот, а како таква, општиот впечаток кој го оставаат е недостаток на чувство за нивното активно учество во сообраќајот и недостаток на одговорност дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи што  задолжително треба да се почитуваат.

Анализите на РСБСП и статистиката покажуваат дека бројот на пешаци кои страдаат во сообраќајни незгоди случени токму на пешачки премин е многу голем.

– Имено, обврска на возачите е да се движат со особено внимание секогаш кога се приближуваат кон пешачки премин, да ја намалат брзината и да ги прoпуштат пешаците на пешачкиот премин, но тоа никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право на првенство на минување. Напротив, пешакот е должен да ја помине улицата на пешачки премин откако ќе се увери дека тоа може да го направи без да го загрози безбедното одвивање на сообраќајот, односно откако ќе се увери дека возилата што се движат на коловозот се во можност навремено и безбедно да  застанат. Непочитување на ова правило од страна на возачите и на пешаците е најголема причина за сообраќајни незгоди во кои страдаат пешаците, велат од РСБСП.

Анализите, исто така, покажуваат дека пешаците се најмалку санкционирани и најмалку контролирани учесници во сообраќајот. Нивното однесување во сообраќајот е препуштено на личната одговорност, свест и совест, како и на сообраќајната култура на секој поединец кој како пешак учествува во сообраќајот.

Како што укажуваат од РСБСП, пешакот треба секогаш да се движи по тротоарот, да ја преминува улицата на пешачки премин, откако ќе се увери дека возилата што се движат по коловозот можат безбедно да застанат, да го почитува црвеното и  зеленото светло на пешачкиот семафор, да не се задржува непотребно на коловозот, да не  застанува и да не се движи помеѓу двете коловозни ленти, секогаш да биде внимателен и фокусиран на сообраќајот ит

Прв и најважен чекор кон поголема безбедност на пешаците во сообраќајот е будење на свеста и стекнување добри сообраќајни навики, почитување на сообраќајните правила и прописи, поголема сообраќајна култура и  поголема меѓусебна толеранција меѓу пешаците и возачите.

Анализите на РСБСП покажуваат дека пешаците најчесто страдаат во сообраќајни незгоди во услови на намалена видливост (магла), во раните утрински и во доцните вечерни часови, на неосветлени коловози или на неосветлени пешачки премини, и токму затоа, РСБСП укажува на потребата од користење рефлектирачко елече или други рефлектирачки додатоци од страна на пешаците.

– Златното правило што важи за поголема лична заштита и за поголема безбедност на секој пешак во сообраќајот, што постајано треба да се применува е: „Гледај! Види! Биди виден!“, апелира РСБСП. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализибезбедностпешациРСБСП
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ