• Latest

Промоција на издание на Уставот со Брајова азбука

May 7, 2018

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Промоција на издание на Уставот со Брајова азбука

May 7, 2018 13:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Специјално издание на Уставот на РМ изработен со Брајова азбука денеска беше промовиран во Скопје како заеднички проект на Јавното претпријатие „Службен весник“ на Република Македонија и Средното училиште за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“.

Министерката за образование, Рената Дескоска на промоцијата ја поздрави идејата темелниот правен документ- Уставот на РМ да го направат достапен за сите.

– Една од идеите и реформите што ја најавивме во МОН беше дека сакаме да го јакнеме граѓанското образование, што значи познавање на своите права во рамки на училиштата и правење на достапност на познавањето на овие права до сите. Особено среќна ме прави овој чин, како професор по уставно право, затоа што со овој чин им се дава можност и на оние студенти кои се со оштететен вид полесно да ги совладуваат наставните птограми кои што постојат, рече Дескоска,

Директорот на ЈП Службен весник на РМ, Мартин Костовски изјави дека како претпријатие својата улога на посредник помеѓу државата и граѓаните на Република Македонија, во сферата на легислативата, настојува да ја исполни со висок степен на совесност, а секоја информација мора да биде автентична, точна и лесно достапна за сите.

– Тоа беше и повод да почнеме еден ваков проект, но искрено се надевам дека како општествено одговорна институција ќе имаме и мотив и доволно идеи да продолжиме со слични примери, истакна Костовски.

За директорот на Средното училиште, Горанчо Јакимов, ова е важен момент и одличен пример, што треба да го следат и другите институции, за еднаква пристапност кон сето она што не им е достапно на лицата со оштетен вид.

На промоцијата на ова издание на Уставот на РМ присуствуваа и претседателот на „Сојузот на слепи во РМ“, Жарко Селковски, како и претставници од институтот за дефектологија на УКИМ, од Одделението за слепи при НУ „Св. Климент Охридски“ и како донатори на специјалните табаци за Брајовата азбука од Универзитетот за Југоисточна Европа кои се и имплементатори на проектот на УСАИД за децата со пречки во видот.

Устав на РМ со Брајова азбука е издаден во 50 примероци и ќе го добијат повеќе институции меѓу кои Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, средните училишта каде има правна насока, Законодавно-правната комисија и Парламентарниот институт при македонското Собрание.(МИА)

Tags: брајова азбукапромоцијаРената ДескоскаУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ