• Latest

Eкономијата и инфраструктурата на дневен ред на владина седница

May 8, 2018

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Eкономијата и инфраструктурата на дневен ред на владина седница

May 8, 2018 10:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 67. седница на која ќе се произнесе по Предлог-одлуката за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште-сопственост на РМ по пат на непосредна спогодба на Друштво за производство на електрична енергија „Актуел енерџи груп“ доо – Скопје, за изградба на мала хидроелектрична централа Конска и придружни објекти на река Конска, општина Гевгелија.

Министрите во Владата на РМ ќе го разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, на предлог на Министерството за финансии, а на предлог на Министерството за транспорт и врски, пак, ќе ја разгледаат и информацијата за продолжување на крајниот рок на достапност на средствата обезбедени од заем од Европска инвестициска банка за проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“, како и извештајот за моменталната состојба на железничка делница Бељаковце – Крива Паланка, од железничкиот Коридор 8.

Како што соопшти владината прес-служба, Министерството за животна средина и просторно планирање на денешната владина седница ќе ја презентира информацијата за потпишување на Рамковен договор помеѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и Министерството за животна средина и просторно планирање.

На денешната владина седница ќе биде разгледан и извештајот за спроведувањето на Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација во Република Македонија 2015 – 2020, како и Годишниот извештај за 2017 година на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија.

Министрите треба да се произнесат и по Информацијата за прогресот на реализација на Проектот “Откуп на дворно место 1 евро за 1 м2”.

На денешната владина седница Јавното претпријатие за државни патишта ќе информира за можноста за поврзување на ТИРЗ „Тетово“ со автопатот А2 (Е-65), а Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе ја презентира Програмата за работа на Агенцијата за вработување на Република Македонија за 2018 година. (МИА)

Tags: владаекономијаинфоструктураседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ