• Latest

Дескоска: Со образовните реформи младите се стимулираат да бидат и иновативни

May 18, 2018

Со кое право барате отчет?

September 13, 2026

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 13, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Комуњарски-вмровци

September 13, 2026

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Десетици илјади на „Маршот за слобода“ во Приштина – собир што ги надмина партиските поделби

September 12, 2026

Бурни 12 дена во светот на вештачката интелигенција: Нова генерација модели и глобални предизвици

September 12, 2026
Одеса, 12 септември 2026

Продолжува рускиот терор против цивилите: Одеса под масовен напад, повредени 35 лица, меѓу нив и петмесечно бебе

September 12, 2026

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дескоска: Со образовните реформи младите се стимулираат да бидат и иновативни

May 18, 2018 11:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Разликата меѓу следбеник и лидер е во иновативноста, рекол Стив Џобс. Вие денеска сте нашите иноватори, кои со своите истражувања и понудувате на Македонија нешто ново што можеме да го поддржиме и промовираме и со тоа си ја трасирате можноста и иднината утре да ве видиме како лидери, им порача министерката за образование и наука Рената Дескоска на учениците што денеска ги презентираа своите истражувачки проекти на вториот ден од финалето „Предизвик за млади истражувачи“.

Проектите се од областа на природните и техничките науки од ученици од 31 основно и 18 средни училишта од Македонија. Тие се селектирани од 98 апликации што стигнале на повикот „Предизвик за млади истражувачи“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука, кој беше отворен три и пол месеци (30 ноември – 15 февруари). Тимовите од училиштата и денеска ги претставуваа проектите пред седумчлена стручна комисија,  а победниците ќе бидат прогласени на 9 јуни со забава во Градски парк.

На денешното претставување на втората половина (24) финалисти, Дескоска истакна дека не е доволно некој да има идеја, туку треба и да му се овозможи неа да ја реализира.

– Министерството за образование и наука со реформите што ги прави во наставните планови, всушност има замисла да им даде можност на младите, не само да учат на часовите, туку да ги стимулира да размислуваат, да бидат иновативни и да истражуваат. Практично, да се разбуди интересот кон нешто ново, а не само за она што е во учебниците, истакна Дескоска, додавајќи дека е задоволна што на патот на реформите имаат одлични партнери во наставниците и одѕив кај учениците. На учесниците во финалето таа им порача дека сите се победници, без оглед кој ќе ги добие наградите.

Министерката Дескоска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски рекоа дека не очекувале толкав одѕив на повикот и дека размислуваат да го прошират фондот за награди.

– На почетокот бевме скептични и очекувањата беа од 15 до 20 проекти. А кога стигнаа 98 апликанти, настана проблем од друг аспект – како тоа ќе го организираме. Нашата намера е на сите да им дадеме можност да аплицираат. Не можеме сите да ги поканиме во финалето, но поканети за презентации се половина од нив. Ќе гледаме од проектите што ги видовме вчера и оние од денес да исфинансираме што е можно повеќе, иако тоа не е важно. Важно е дека сте тука, учествувате и сфаќате дека државата и институциите им нудат можности на младите и да се едуцираат, и да развиваат креативен и критички потенцијал и финансиски да бидат поддржани, додаде Деспотовски, соопштувајќи дека повторно ќе објават повик за нови ученички проекти. (МИА)

Tags: Министерство за образование и наукаРената Десковскареформи
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ