ЦИВИЛ – Центар за слобода, преку инфо-штандови секојдневно ги промовира и информира граѓанките и граѓаните за проектните активности на организацијата.
Проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ се спроведува од јули 2017 година, со финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, и има цел да придонесе кон градењето слободни медиуми и слободно општество.
ЦИВИЛите ќе продолжат да одржуваат комуникација со граѓаните преку инфо-штандови секој работен ден, во 12 часот.