• Latest

Главна расправа за „Титаник“ закажана за 31 мај

May 28, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Главна расправа за „Титаник“ закажана за 31 мај

May 28, 2018 16:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Главната расправа за предметот „Титаник“ на СЈО e закажана за 31 мај. Во предметот обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,…

Во Кривичниот суд Скопје 1 денеска воведни говори дадоа останатите адвокати на одбраната и дел од обвинетите кои се повикаа на помилувањето на претседателот Ѓорге Иванов за што рекоа дека и Врховниот суд на Грција потврдил дека амнестијата е во правна сила, па затоа одлучил да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски.

Адвокатите во повеќе наврати посочија дека се соочуваат со контрадикторно  обвинение и дека ќе докажат за апсурдноста на наводниот мотив на обвинетите. Одбраната рече дека ќе докажат дека обвинетите на превземале никакви дејствија  за обвинението злосторничко здружување.

Одбраната на обвинетата Катерина Велоска на судот му посочи да не се земаат во предвид сведочењата на тројца новинари кои, според неа, сториле прекршок против јавниот ред и мир со тоа што додека правеле новинарска сторија се јавувале кај гласачи и се претставувале дека се од центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешниот премиер Груевски повтори дека ова обвинување и сите други се со цел да се направи политички геноцид на една политичка партија, која легитимно ја водела државава со поддршка на голем број граѓани.

– ВМРО-ДПМНЕ ги добиваше сите избори од 2005-2016 со огромна разлика во гласовите и сите беа набљудувани од странски организации. Аспурдно е да бидам обвинуван, рече Груевски.

Предметот на СЈО „Титаник“, како класична конструкција го оцени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски, за чие  обвинение рече дека ќе докаже дека изборите биле во согласност со законите. Тој од судот побара да се направи и вештачење на хардискот на партијата СДСМ кои ги предале разговорите во СЈО.

Поранешната прва полицајка Гордана Јанкуловска смета дека се направени повреди на правото за правично судење и рече дека очекува во главната расправа да се разјаснат фактите.

Актуелниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, пак, рече дека обвинението за него е без докази и потенцира дека секоја  постапка што ја презел во партијата била во рамки на законски прописи.

Градоначалникот на Пустец и претседател на наголемата партија на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко, рече дека е обвинет за организирано вадење на лични документи на жители на Пистец и појасни дека неговите сограѓани ваделе документи од економски причини, бидејќи Ресен е исто толку оддалечен од Пустец колку и Корча. Потврди дека за поединци се јавувал во МВР и Церинската Управа со цел да им се помогне на неговите сограѓани што имале проблеми. Во однос на обвинението за поткупот рече дела би имало правна поткрепа доколку е обвинет од албанското обвинителство, бидејќи таму учествува на  избори и дека немал потреба да дава пари за некој во Македонија да стане градоначалник.

(МИА)

Tags: vmro dpmneКривичен СудМартин ПротуѓерМиле ЈанакиевскиНикола ГруевскирочиштеСЈОТитаник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ