• Latest

Договорена рамка за компромис за името

May 29, 2018

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 21 септември

August 22, 2026

ТЕЦ Неготино произведуваше струја, државата штедеше, а случајот стана „криминал“: Како дојде до случајот „Мазут“?

August 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Пензија: морков кој никогаш не си го видел, на стап со кој те тепаат цел живот

August 22, 2026

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Договорена рамка за компромис за името

May 29, 2018 07:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров договориле рамка за компромис за името и сега работите за конечен договор се во рацете на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. 
Димитров вчера на работен појадок ги запозна министрите на земјите-членки на ЕУ со текот на преговорите за името, постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските односи, како и со плановите на Владата и очекувањата во периодот кој доаѓа.

По завршувањето на состанокот, Димитров рече дека разговорите се во крајна фаза и изрази надеж дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името вчера рече дека двајцата министри завршиле со она што го преземале од премиерите на двете земји.

– Ќе продолжат преговорите  на експертско ниво – она што треба да се реши се техничко – правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина.

Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името.

– Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини.

Могерини вчера на прес-конференцијата по советот на министри на ЕУ, на прашање на МИА за отпорот на одредени земји-членки за старт на преговори со Македонија, одговори дека „моќта на добрата вест што ќе ја донесе решение за името ќе биде толку силно поздравена од меѓународната заедница и ЕУ што сите земји ќе мораат ова да го земат предвид“.

– Спорот за името постои одамна, создадаваше компликации со години, и ако силното политичко лидерство со посредство на ОН и силно инволвирање на ЕУ може да донесе договорен резултат на вака тешка тема, тоа ќе биде инспирација и за други и ќе биде доказ дека мултилатералниот пристап е тој во кој треба да се инвестира. Сето ова треба да биде препознаено од Европскиот совет. Да потсетам дека Европската комисија веќе препорача старт на преговори врз основа на заслуга во реформите, што е суштината и да потсетам дека преговорите се само почеток на еден процес, рече Могерини.

Поддршка и охрабреност од последната рунда преговори меѓу Скопје и Атина за спорот за името, искажаа и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот и австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл.

– Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија, напиша Хан на својот твитер профил.

Германскиот државен министер за европски работи Михаел Рот, порача дека надминувањето на спорот за името е многу важна точка и дека е оптимист за следните денови.

Tags: имеПреговорирамка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ