• Latest

Алтернативно Скопје по четврти пат во МКЦ

May 30, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Алтернативно Скопје по четврти пат во МКЦ

May 30, 2018 13:24
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Алтернативно Скопје, концерт на алтернативна музика, ќе се одржи по четврти пат, на 30 јуни, на платото пред МКЦ, во организација на Млади за Скопје. 

Концертот ќе биде на отворено, и ќе настапат 6 бендови од Македонија, меѓу кои: Angza, Man In a Suit, Conspiracy, ИлузијА, Mofrej и Tonal.

Алтернативно Скопје е DIY фестивал кој што за прв пат се организираше во 2014 година, во летното Кастро во соработка со Пеце Суперхикс. Фестивалот го организираат Димитар Тодороски и Андреј Арсеновски (МЛАДИ ЗА СКОПЈЕ). Во 2015 и во 2016, и оваа 2018 година фестивалот се одржува во Младинскиот Културен Центар во соработка со Владица Младеновски – Грга и директорот на МКЦ – Русе Арсов.

„Неверојатна беше приликата да се организира концепт од ваков тип, бидејќи сите фестивали сме ги правеле со огромни ризици и без буџет. Без никаква медиумска и било каква поткрепа и поддршка освен на музичкото радио Канал 103. Оваа година на наше големо задоволство и Телевизија Телма покрена интерес за медиумски да го покрие Алтернативно Скопје #4.“ вели Димитар Тодороски, еден од организаторите на концертот.

Организаторите на настанот велат дека целта и поентата на Алтернативно Скопје може да се види и по самиот негов карактер, и самиот концерт го споредува со летна варијанта на фестивалот „Земјотрес“.

„Алтернативно Скопје има политика за промоција на исклучително млади македонски авторски бендови. Оддекот на фестивалот е неверојатен, со во просек над 200 гости секоја година, со тоа што најголемиот дел од публиката се тинејџери што прв пат се сретнуваат со рок н рол.“ вели Димитар.

Според Димитар, македонската држава има огромен проблем со нејзините културни вредности кои главно се сервирани од државите од кои таа некогаш била под окупација, било да се сериите или турбо-фолкот.

„Се надеваме дека преку давање примарно значење на нашата автохтона музика и автохтона култура ќе постигнеме македонската култура да не биде зависна од никого туку сама се повеќе да се гради, преку нејзе и луѓето духовно да прогресираат, а со тоа да се постигне општествен прогрес.“ додава Димитар.

Влезот за настанот е слободен, а поддршка за бендовите ќе можете да дадете преку донации.

А. Петровска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: алтернативна музикаАлтернативно СкопјеконцертМКЦмузика
Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result