• Latest

Ќе се основа Агенција за животна средина со новиот План за управување со отпад

June 4, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ќе се основа Агенција за животна средина со новиот План за управување со отпад

June 4, 2018 14:23
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Основање на Агенција за животна средина на Република Македонија како и вклучивањето на  дополнителните текови на отпад во системот на проширена одговорност на производителите, предвидвидува новиот План за превенција од создавање отпад, информираа денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање на презентацијата на стратешките докумети за континуираниот пораст на стапката на рециклирање на отпад.

Агенцијата, како што појасни раководителот на секторот за управување со отпад при Управата за животна редина и просторно планирање Ана Каранфиловска-Мазнова, има цел да ги одвои обврските на Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е водењето и креирање политики.

– Агенцијата би ја имала улогата на имплементатор на тие политики, првенствено како водење на евиденција и собирање на податоци, издавање дозволи, односно имплементација на регулативата, рече Каранфиловска-Мазнова.

Постојаниот твининг преставник во Македонија Греам Брн појасни дека  новиот план предвидува производителите на искористените возила, гуми, масла и стариот текстил да имаат обврска и да бидат одговорни за отстранувањето и за рециклирањето на отпадните материјали кои ги создаваат.

Според Брн, Националниот план за управување со отпад ги дефинира и целите кои Македонија треба да ги исполни со определена временска динамика согласно активностите на државата за приклучување кон ЕУ.

– Се дефинира и комуникациска стратегија кој има цел национално обезбедување на потребните информации во однос на реализација на динамиката од Националниот план, како и информирање на граѓаните за нивната активност за исполнување на тој план, истакна Брн.

Раководителот на секторот за управување со отпад при Управата Каранфиловска-Мазнова додаде дека планот не предвиддува облигаторни обврски кои се пропишани со закони туку тоа ќе бидат препораки во однос на намалување на создавањето на отпадот или негово рециклирање.

Во однос на разликите од стариот план, од МЖСПП појаснија дека со новиот план се изготвени и регионални планови за управување со отпад кои детално ќе пропишат како националните планови ќе бидат спроведени.

(МИА)

Tags: Агенција за животна срединаМинистерство за животна срединаотпад
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ