• Latest

Арачиново добива нова општинска зграда, најавен и проект за фекалната канализација

June 11, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Арачиново добива нова општинска зграда, најавен и проект за фекалната канализација

June 11, 2018 14:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните на Арачиново и вработените во локалната самоуправа ќе добијат нова зграда. Во новиот објект, за чија изградба се издвоени 260 илјади евра, вработените ќе можат во соодветни услови да креираат квалитетни услуги за граѓаните. Локалната власт во Арачиново досега беше сместена во барака, изградена во 1952 година. 

Новата зграда во општината, која има над 20 илјади жители е една од капиталните инвестиции најавени за оваа општина, а во план се и други проекти, меѓу кои и тој за конечно Арачиново да добие фекална канализација, но и квалитетна вода за пиење.

Изградбата на новата општинска зграда се реализира со грант средства преду ИПА фондовите во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги.

– Го означивме почетокот на изградба на општинска зграда во Арачиново, благодарение на помошта преку ЕУ фондовите и поддршката од СБ и Министерството за финансии во рамки на заедничкиот проект за поддршка на руралните општини. Оваа мошне важна општина во Македонија ќе добие достоинствена општинска зграда, рече премиерот Зоран Заев на свеченото одбележување на почетокот на изградбата.

Нагласи дека ова е само еден од проектите, кои ќе се спроведуваат за подобрување на условите за живот во оваа општина.

– Досега успеваме да реконструираме училишта, ги реконструиравме и муслиманските и христијанските гробишта. Се работи на проектот за канализација и обезбедување здрава и квалитетна вода за пиење, додаде Заев.

Тој истакна дека Владата останува посветена на ветеното за поддршка на сите рурални општини.

Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими истакна дека ова е посебен ден за општината, кога се поставува камен темелник на општинската зграда, која како што рече, ни е потребна за да им служиме на граѓаните на достоинствен начин.

– Овој нов објект ќе биде изграден по највисоки стандарди. Од оваа зграда ќе изработиме различни проекти и ќе покренеме различни иницијативи за доброто на граѓаните, порача Халими.

Министерот за финансии Драган Тевдовски изрази благодарност до СБ и ЕУ, кои финансиски ги поддржуваат проектите за подобрување на општинските услуги.

Појасни дека станува збор за вкупна сума на заеми од 81,1 милион евра од СБ и 26 милиони евра од ЕУ преку ИПА фондовите и појасни дека зградата во Арачиново е финансирана со грант средства од ИПА.

– Досега се склучени 72 договори со 56 општини за заем преку проектот, додека за ИПА грантовите договори се склучени со сите 78 општини за 133 проекти. Останати се околу пет милиони евра од проектот, за кои најавувам дека Министерството за финансии наскоро ќе објави нов повик, рече Тевдовски.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека проектот е наменет да им обезбеди на граѓаните пристап до подобрени услуги на локалните власти.

Истакна дека новата зграда во Арачиново, која се гради во рамки на проектот ќе биде според стандардите на ЕУ, ќе им пристап за лица со попреченост и зголемена енергетска ефикасност.

Претставникот на СБ, Беким Имери напомена дека меѓународната институција ја поддржува Македонија од самиот почеток на процесот за децентрализација во 2000 година, преку различни проекти.

Додаде дека последниот проект е тој за програмата за општински услуги, кој се спроведува од 2009 година.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АрачиновогрантЕУканализацијаопштинска зграда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ