• Latest

Владата ќе ја одржи 72. седница

June 12, 2018
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата ќе ја одржи 72. седница

June 12, 2018 11:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72. седница на која, меѓу другото, ќе се најде информацијата за потребата за изградба на пливачки базени, која пред министрите доаѓа како предлог на Агенцијата за млади и спорт.

Треба да биде разгледана и Предлог-програмата за изменување и дополнување на Програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2018 година, поднесена од Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

На 72 седница ќе биде разгледана и информацијата со анализа на рангот на Република Македонија кај индикаторот „Услови за прекугранично тргување” со предлог-мерки за подобрување на состојбите согласно препораките на извештајот Doing Business 2018 на Светска Банка.

Владата ќе расправа и за предлог – законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, како предлог на Министерството за финансии, а на предлог на Министерството за економија на денешната седница ќе се разгледува предлог-законот за изменување на Законот за трговскитe друштва.

На денешната седница Владата ќе се произнесе и во однос на информацијата за напредокот на проектот Изградба на заеднички железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“ помеѓу Република Македонија и Република Србија, за состојбата заклучно со мај 2018 година.

Министерството за одбрана на владината седница ќе ја презентира информацијата за преземање и распоредување на професионални војници со навршени 45 години возраст во органите на државната и локалната власт и во други државни органи.

Од Министерството за труд и социјална политика се подготвени точките предлог-закон за спречување и заштита од дискриминација, како и информацијата за Ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2018 година.

Владата на РМ ќе ја разледа информацијата за реализација на активности за воведување дуално стручно образование во средните стручни училишта, како и информацијата за Меморандум за соработка за основање на Меѓународен институт за одржливи технологии на Југо-источна Европа, како предлог на Министерството за образование и наука.

На дневниот ред на денешната 72 седница ќе биде разгледана и информацијата за прогресот и реализацијата на проектот „Надградба на објектите за царинење и инспекциски органи на граничниот премин Ќафасан, и информацијата за степенот на реализација на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за конкурентност на македонската економија 2016-2020 година, соопшти владинатаб прес служба. (МИА)

Tags: Агенција за млади и спортбазениВлада на Република МакедонијаизвештајСветска банкаседница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ