• Latest

Најниската цена и обемната документација се уште проблем при конкурирањето на тендер

June 13, 2018

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Најниската цена и обемната документација се уште проблем при конкурирањето на тендер

June 13, 2018 12:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најниската цена како критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и обемната документација за учество на тендерите и понатаму се главните проблеми со кои се соочуваат фирмите. 

Најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации заснован на анкетата со која беа опфатени 210 фирми покажува дека 95 проценти од компаниите сметаат оти на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките.

Дури 88 проценти од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел или 47 проценти сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко, 36 проценти одговориле дека има „често“, 12 проценти дека никогаш нема корупција и пет проценти дека секогаш има корупција.

Фирмите просечно чекаат по шест месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа, а дури 96 проценти од нив никогаш или ретко се жалеле на тендерите во коишто учествувале, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Целиот процес на јавни набавки, фирмите го оценуваат со 2,85 на скалата од 1 до 5 и во однос на минатото истражување забележано е влошување на задоволството на компаниите кои учествуваат на тендерите.

Наодите од мониторингот покажуваат рекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. Вредноста на договорите за јавни набавки лани изнесувале 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година. Склучени се 496 договори за јавна набавка без објавување оглас во вкупна вредност од 29 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 42 проценти од вкупната вредност на овие договори, им припаѓаат на Министерството за образование и наука и АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

Во периодот јануари-декември лани доставени биле 507 жалби до Државната комисија за жалби по јавни набавки што е намалување за околу девет проценти во однос на минатата година. Најголем дел од жалбите се доставени против донесените одлуки за избор на најповолна понуда.

Извештајот од мониторингот е достапен на веб страницата www.ccc.org.mk.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: извештајконкурситендери
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ