• Latest

Владата го декласифицира договорот, Парламентот на Грција расправа за него

June 15, 2018
UK mosque set ablaze
source: Screenshot Forbes

Запалена џамија во Велика Британија со две лица внатре, полицијата истражува сомнително злосторство од омраза

October 6, 2025

Заев го демантира Мицкоски: Со лаги за бугарски куфери со пари бега од своите неуспеси

October 6, 2025

Скопје домаќин на тридневна меѓународна конференција демократија и хибридни закани

October 6, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Израел и Хамас на преговори во Египет за прекин на огнот во Газа

October 6, 2025

Втора недела изборна кампања

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата го декласифицира договорот, Парламентот на Грција расправа за него

June 15, 2018 08:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Декласифицирање на договорот со Грција од страна на македонската Влада и негово ставање на увид на јавноста, седница на врвот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, почеток на седница на грчкиот Парламент на кој централна тема е договорот со Македонија, но и интерпелацијата на Владата на Алексис Ципрас, покрената од опозициската Нова демократија е исходот од вчерашниот ден во однос на процесот за решавање на спорот со името, а пред најавуваната средба на двајцата премиери, на која треба да бидат ставени потписи на договореното.

По декласификација, договорот треба да биде доставен до Собранието, а грчките пратеници, пак, денеска ја продолжуваат расправата по него, додека гласањето за недоверба на Владата на Ципрас е закажано за в сабота.

Средбата меѓу двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас во Мала Преспа, која беше најавувана за викендов, ќе се одржи овие денови, но се уште не е прецизиран датумот. Договорот ќе го потпишат двајцата министри за надворешни работи, а ќе стапи во сила, откако ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент.

Во текот на денешниот ден треба да има повеќе информации за местото и датумот.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на вчерашната прес-конференција истакна дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите, но напомена дека денеска ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата.

– Во текот на утрешниот ден точно ќе знаеме, ќе ве информираме, ќе одржиме брифинг во однос на потпишувањето. Во моментов не е позната точната локација и исто така не е утврден денот кога ќе биде. Утре попладне може малку подоцна ќе знаеме се, рече вчера Бошњаковски.

Тој вчера го објави декласифицирањето на договорот.

– Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договорот. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен – Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.

На владината седница вчера шефот на дипломатијата Никола Димитров ги информирал министрите за текот на целиот процес и за реализацијата на договорот, во кој се предлага името Северна Република Македонија.

Димитров истакнал дека спогодбата пријателски ги утврдува интерпретациите на поимот „Македонија“, при што на достоинствен начин се заштитени достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на македонскиот народ.

Тој информирал и за чекорите кои следат за реализација на договорот со кој Македонија е поблиску до членство во НАТО и ЕУ.

– Заев лично изрази дека тој силно верува во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината на земјата. Нагласи дека оваа Влада е горда на ова решение, како историска одлука со што се испишува нова страница во историјата на нашата земја, рече Бошњаковски.

Додаде оти премиерот пред министрите истакнал дека постојат силни аргументи овој договор да се афирмира и брани, се до неговата целосна реализација, за што конечниот збор ќе го дадат граѓаните на референдум.

Вчера заседаваше и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а по завршувањето на седницата, партискиот лидер Христијан Мицкоски порача дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и партијата нема да поддржат уставни измени за промена на уставното име, а в недела во Битола најави протестен марш.

– Досега не постои меѓународен договор кој се ратификува од едната страна, а не се ратификува истовремено од другата страна. Самото тоа го носи вториот заклучок, а тоа е дека ние ќе преземеме обврски, а каква обврска презема Грција и која е мерката доколку Грција не ја реализира сопствената одлука. Третата дилема која ја отворам пред јавноста во Македонија е како Владата презема обврска да изгласа договор во Собранието на РМ со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени односно уставни измени со двотретинско мнозинство, рече Мицкоски, нагласувајќи дека сам по себе договорот е противуставен.

Кај нашиот јужен сосед почна седницата на Парламентот, откако претходно премиерот Ципрас во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека во договорот постои решение за државјанството, а не за идентитетот, бидејќи не можеме да им го забраниме правото на соседите да се самоопределуваат како Македонци.

– Овој договор тоа што го прави е да не го потценува правото на самоопределување, тоа не можеме да го направиме. Не можеме да им забраниме да се самоопределуваат како Македонци, рече грчкиот премиер и објасни дека во договорот терминот „Македонци“ не се однесува на историјата на грчката Македонија.

Тој неколкупати ја употреби фразата „трговци на патриотизам“ за оние кои и во двете земји се противеа на постигнувањето договор.

– И јас и мојот колега, господинот Заев, во овој период, водевме тешка битка, секој во својата земја да надминеме предрасуди и опсесии, но и еден организиран обид на „трговци на патриотизам“, за да можеме да стигнеме до договор, кој веруваме, сметаме дека е во корист на нашите народи, бидејќи и двајцата сметаме дека тоа е вистинскиот патриотизам, додаде Ципрас.

Грчкиот премиер коментираше дека опозициите во двете земји имаат идентични позиции, дури и изјавите им биле исти.

– Ако ги заменеа текстовите од изјавите, немаше да има никаква разлика, токму истото го кажаа: национално понижување, национална отстапка. Ги видов изјавите на господинот Самарас и на господинот Иванов, ако се заменеа, токму истото го кажаа, рече Ципрас и додаде дека истото она што Мицотакис го барал од него, го побара и претседателот Иванов од премиерот Заев – да го види договорот, пред да биде комплетиран.

Коалицискиот партнер на Ципрас, Независни Грци вчера најави дека  нема да го поддржи ниту договорот со Македонија, ниту предлогот на опозициската Нова Демократија за недоверба на владиниот Кабинет, иако иницијативата беше токму поради постигнатиот договор.

– Пратеничката група по состанокот и сега кога е во салата за време на седницата испраќа една порака. Прво едно големо благодарам до (лидерот на Нова демократија) Кирјакос Мицотакис за можноста што ни ја дава два дена да го прашаме лице во лице. Конечно да одлучи која е позицијата на Нова демократија. Конечно да реши да одбере меѓу кои позиции и линии ќе се движи, изјави портпаролот на Независни Грци, Теодорос Тосунидис.

Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос на вчерашната расправа во грчкиот Парламент рече дека земјата со потпис ќе ја обврзе еден премиер кој е изолиран и од народот и од неговиот владин кабинет, премиер што нема согласност од министерот за одбрана.

Кумуцакос нагласи дека Нова демократија  го отфрла договореното затоа што не прифаќа „лоши договори“, а упати и обвинувања до Владата дека барала аргументи што се во корист „не на Грција, туку на другата страна“.

– Ви даваме аргументи, постоечки аргументи дека не е признат македонскиот јазик од Грција во модерниот облик на македонското прашање, а вие барате, наоѓате, многу сте детални во тоа да најдете аргументи што се во прилог на другата страна. Ова никогаш се нема случено. Никогаш се нема случено министер за надворешни работи и Влада да бараат аргументи што се во корист на другата, а не на нашата страна, рече Кумуцакос во однос на признавањето на македонскиот јазик.

Претходно, неговиот лидер Кирјакос Мицотакис кусо пред да го достави барањето за гласање недоверба на Владата истакна дека Грција, прв пат признава македонска националност и јазик, елементи, кои според него, претставуваат корен на иредентизмот.

Постоењето македонски јазик и македонска националност во договорот меѓу Македонија и Грција се главните забелешки од грчките опозициски партии.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на Република МакедонијаГрцијадекласификацијаДоговорпарламентрасправа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ